ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации

November 2, 2023 22:46
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Незнаење, простотилак, грубијанство и насилништво се главните карактеристики на актот на директорот на ТВ Канал 5 кој изврши дрзок и непримерен упад во емисијата „Само вистина“ и буквално (!) го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. Неговиот дивјачки и навредлив настап беше преполн со омраза и презир, а со флоскулите за меѓуетничките односи успеа само да ги открие своите длабоко националистички позиции.

Овој немил настан во македонскиот етер е за крајна осуда. Гостинот во емисијата, Рамадани, заслужено ја доби поддршката од голем број луѓе, вклучувајќи и јавни интелектуалци и луѓе од медиумите и граѓанското општество.

За жал, ова не е осамен инцидент, туку само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации кои на секаков начин се обидуваат да внесат поларизација во општеството и да внесат тензии меѓу етничките заедници.

Воопшто не сум изненаден од тоа што се случи. Се работи за еден од медиумите кои играа крајно неславна улога со целосната поддршка на режимот на Груевски.

Тоа е истата телевизија чиј газда му рече на шефот на вмровската пропагандна машинерија, Мартин Протуѓер, дека има намера да ја исклучи струјата во телевизијата, само за да не се емитува емисија што не е по мерката на режимот. Со тоа, газдата на Канал 5, да потсетиме, отиде подалеку дури и од шефот на агитпропот Протуѓер кој сугерираше „поблага“ диверзија – да се пушти емисијата, но со лош тон и со пречки. (погледнете го видеото)

Протагонистот на дивјачкиот напад на Рамадани е тој што во 2018 година, во име на телевизијата, се извини во име на телевизијата, правдајќи се дека било режим и дека му биле одземени ингеренциите (!?) за професионално и одговорно известување.

Што го предизвика сега, кога нема режим, да се однесува како во „најдобрите денови на режимот на Груевски“ е само реторичко прашање, чиј одговор е добро познат.

Не е без одговорност ниту новинарот – водител на емисијата, кој за себе рече дека ја претставува јавноста (!?), а потоа со радосна послушност го пречека и го вклучи својот директор во емисијата и му ја даде платформата тој да го истури сиот отров, во живо, врз гостинот.

Се солидаризирам и јавно ја изразувам мојата безрезервна и максимална поддршка за Рамадани.

Треба да се запомни. Рамадани е директна, но не и единствената жртва на овој напад. Жртва е целата јавност. Тоа што го виде јавноста е слика за голем дел од медиумите во земјава, од кои секојдневно се шири националистичка, антидемократска и антизападна пропаганда и дезинформации, некогаш прикриено, а често и сосема отворено и директно.

Реакциите од поединци во политиката и меѓу „интелектуалците“ во кои се изразува поддршка за Канал 5 и за актот на директорот, ги сметам за доказ за спрегата меѓу националистите и радикалите во земјата и доказ за моите тврдења овде. Мислам дека не заслужуваат понатамошен коментар, туку само осуда и решително отфрлање.

Затоа, од овие причини и врз основа на сè што подразбира почитувањето на достоинството на човекот и на човековите права и слободи, најавувам дека, сè додека Канал 5, уредништвото, директорот и газдата не му се извинат на Рамадани и на целата јавност и сè додека има вакви луѓе во својот состав, јас одбивам да учествувам во нивните емисии (бев поканет неколку пати и се согласив за гостување идната недела). Тоа е најмалку што можам да направам јас.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа
Tags: Канал 5Џабир Дерала
Next Post

Променливо облачно со дожд и ветер

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk