ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Коментаторите на мрежите не се никаков VOX POPULI, туку сурија од идиоти

November 4, 2023 08:00
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Има една работа која опасно ме нервира, а за да објаснам, ќе речам вака: јас текстови од 800-900 зборови работам четири, некогаш пет, а некогаш и шест интензивни часа. Тоа, барем оние кои пишуваат, знаат дека е коњска работа. Не, воловска работа.

Друга работа, под текстовите мои, а и под текстовите на моите пријатели од frontline.mk, читам коментари со крволочна омраза, нападите се ад хоминем, нападите се лични, нема ништо за тезите во текстовите. Имате чиста и крволочна омраза.

Понекогаш се прашувам дали коментарите под текстовите се луѓе или купишта од идиоти. Тоа е неверојатно мочуриште, неверојатна бесмислица. Тоа нема ништо позитивно во себе.

И сега веројатно ќе се најде некој навреден од тие купишта коментари на купишта од идиоти. И тие купишта од идиоти се опишуваат себе.

Една од најелементарите работи во коментирањето е тоа дека во суштина вие себеси се опишувате и вашиот внатрешен свет кога коментирате за други луѓе. Тоа е најелементарно за секое коментирање.

Второ, тоа не е VOX POPULI, тоа не е „глас на народот”, притоа, тоа е апстрахирано од одговорност така што, еве, ќе ви дадам пример: кога ќе се разминете на улица, никој од тие идиоти нема храброст в очи да ви каже, а на интернет се страшно силни. Дојди, батице, в очи кажи ми што ти е маката.

Што значи постои некое човечко пристојно однесување на улица, а на коментарите под текстовите напросто е аболирано од одговорност. Вие под коментарите на текстот може да го пцуете авторот, а за текстот ништо не се зборува. Се сомневам дека некој од коментаторите уште и го прочитал самиот текст/колумна/есеј.

Таа толпа изгледа е фотосензитивна, да не речам дека е визуелна: гледа само слика, на сликата има лице, па почнува да плука оти, нели, “није им га мајка родила”. За таквите коментатори имам најголем презир и гадење.

А коментарите под текстовите се чисто мочуриште од луѓе кои се аболирани од одговорност.

Најдобро би било, а сега сонувам, коментаторите под текстовите да се исклучуваат или бришат. Прво, тоа е индуцирана толпа од коментатори кои со самото коментирање – празни и бесмислени идиотштини – ја уништуваат структурата од текстови на авторите.

Коментаторите под текстовите не се никаков VOX POPULI или „глас на народот”. Тоа е сурија од идиоти кои се анимира себе. Точка.


Текстот е личен став на Авторот
Tags: коментариНЕНАД ЈОВАНОВИЌсоцијални мрежи
Next Post

Фон дер Лајен во Кијив: Носам охрабрување и да потврдам дека цврсто стоиме на украинската страна

Shortcut

Најново

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk