ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Желјасков: Економската соработка и инфраструктурното поврзување меѓу Скопје и Софија од голема важност

November 14, 2023 15:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Многу е важно позитивниот став за заемни средби и посети да продолжи и во иднина, затоа што на тој начин се испраќаат пораки за поголема парламентарна соработка, подготвеност за отворен разговор и внесување на нови, свежи текови во политиката меѓу две соседни земји, истакнал претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Росен Желјазков кој е во работна посета во земјава.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери се заложил тонот на комуникација кој не е во линија на потребното ниво да престане, пред сé, заради подобрување на билатералните односи меѓу двете земји, како и заради членството на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Тој ја поздравил воспоставената културна соработка меѓу двете водечки музејски установи од областа на археологијата во двете земји, кои преку изложби и проекти го промовираат зачувувањето на културното наследство, како и заедничките европски вредности.

Џафери истакнал дека припадниците на бугарската заедница во Република Северна Македонија кои се чувствуваат различно од другите заедници во земјата, треба да бидат мост кои ќе ги поврзува двете земји во иднина.

Во однос на процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ, Џафери истакнал дека во тек е завршување на фазата на скрининг. Потенцирал дека сме во процес на промена на Уставот на земјата и се очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.

Желјазков се заблагодарил на гостопримството и потврдил дека Бугарија го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија, но важно и е да се имплементира Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји и да се направат потребните реформи.

Укажал на важноста од превенција на ширење на јазик на омраза и заедничко делување во правец на создавање емпатија меѓу народите, иако е тоа секогаш потешкиот пат, кој сепак мора да се следи во име на благосостојбата на следните генерации. Потенцирал дека вистинските државници мора да размислуваат и дејствуваат во корист на идните генерации во двете земји а не како политичари кои мислат само на следните избори, стои во соопштението.

Двајцата соговорници се согласиле дека економската соработка меѓу двете земји е многу важна, како и инфраструктурното поврзување и интензивирањето на парламентарната соработка со фокус на соработката во однос на европските прашања.

Tags: ЖелјасковсредбаЏафери
Next Post
Ацо Кабранов

Кабранов: Касами, Меџити и Гаши ги командува Мицкоски, ги нарекуваат „пудлиците на Мицкоски“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk