ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Ковачевски: Доколку опозицијата се надмине себеси, на декемврискиот Самит на ЕУ ќе имаме одлука за отворање на поглавјата

November 21, 2023 19:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Исходот од декемврискиот самит на ЕУ зависи само од нас, односно од тоа дали опозцијата во земјава ќе се надмине себе си во однос на усвојувањето на уставните измени што се наша обврска и услов за отворање на поглавјата во преговорите, вели премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој е во посета на земјава.

Декемврискиот Самит ќе покаже дека тоа што ќе се случи на него зависи од нас. Односно, доколку ние ја донесеме одлуката која што ја имаме како обврска во однос на вклучувањето на делови од други народи во Преамбулата на нашиот Устав, тогаш и одлуката на декемврискиот Самит ќе биде позитивна и Северна Македонија ќе ги отвори поглавјата. И затоа велам дека сега зависи од нас, бидејќи ЕУ ги исполни своите обврски во однос на одржување на Првата меѓувладина конференција, во однос на одржување на првата меѓувладина конференција на македонски јазик, за потпишување на договорот Фронтекс на македонски јазик со сите други јазици на ЕУ одобрени од сите земји членки на ЕУ што не беше никогаш претходно случај. Тие ги исполнија своите обврски, наведени во преговарачката рамка, останува ние да ја исполниме нашата обврска, вели Ковачевски на новинарско прашање за очекувањата од декемврскиот самит на ЕУ.

Тој при тоа посочи, како што вели, на уште еден аспект на Декемврискиот Самит, а тоа е, рече, ставот на опозцијата во однос на уставните измени.

Каков ќе биде тој, не само што зависи од нас, туку ќе се покаже и на кој начин зависи од секој од нас. Дали оние коишто секогаш биле против интегрирање на земјата во НАТО и во ЕУ, овојпат ќе се надминат себеси. Доколку се надминат себеси на декемврискиот Самит ќе имаме одлука со која што Северна Македонија ќе ги отвори поглавјата за пристапување кон ЕУ. Доколку не се надминат себеси, тогаш ќе ја гледаме репризата на 11-те самити на НАТО, и на 11 Самити на ЕУ додека тие беа на власт, кога не се случуваше никаква одлука, ниту еден милиметар напред во евроинтеграциите. Ќе имаме ситуација во која што само Никола Груевски е заменет со Христијан Мицкоски, еден претседател заменет со друг со ист пристап во политиката, оцени Ковачевски.

Прашан за придобивките од Планот на ЕК за раст на ЗБ, Ковачевски истакна дека се работи за исклучително важен план којшто, вели и ние го баравме од ЕУ, а со кој граѓаните и компаниите ќе можат да ги почувствуваат бенефити и придобивки од ЕУ уште пред полноправното членство.

Овој план практично нуди 6 милијарди евра финансиски средства за земјите од Западен Балкан, 2 милијарди се грант, 4 милијарди се поволни кредити, гарантирани од самата ЕУ, со каматни стапки на многу пониско ниво. И што истите ќе бидат поврзани со реформи, во државите, коишто се кандидатки за членство во ЕУ, и дополнително ќе бидат наменети за проекти кои ја зголемуваат економската и политичката соработка помеѓу државите од ЗБ. На тој начин преку инвестиција во вакви реформи, во вакви проекти, на годишно ниво, заради зголемената соработката на регионот и зголемената соработка со заедничкиот европски пазар, ќе може да влијае позитивно за 10 проценти на БДП, односно на економиите на регионот што за 10 години значи дуплирање на големината на економиите на земјите од ЗБ. Значи се работи за План којшто нуди позитивни ефекти на економијата, на животниот стандард на граѓаните, и на работењето на компаниите. Се разбира дека од друга страна дава и обврска за реформи на сите полиња во унапредувањето на општеството, на нашата змеја меѓутоа и на сите други земји во регионот, нагласи премиерот Ковачевски.

Tags: декемвриски самитЕУКовачевскиопозицијапреговоричленство
Next Post

Телеграф: Русија издавала станови во Прага за да ја финансира инвазијата во Украина

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk