ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Судот денеска ќе решава за Бериша; поранешни албански функционери присвоиле милиони евра од ИПАРД фондови; три бригади од Српската армија стационирани долж границата со Косово

December 28, 2023 11:42
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска судот ќе решава за Сали Бериша, откако вчера по втор пат ја одложи мерката куќен притвор.

3 бригади имаат оперативно проширување долж границата со Косово. Ова проширување е претставено преку воспоставување на 48 напредни оперативни бази на армијата и жандармеријата долж целата гранична линија, соопшти Косовскиот министер за одбрана.

Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Клан: Судот денеска ќе решава за Бериша

Втор пат по ред Специјалниот суд вчера го одложи донесувањето на мерката за безбедност против Сали Бериша, по барањето на СПАК да се заостри мерката  куќен притвор.

Причина беше барањето на адвокатите на Сали Бериша за изземање на судијката Ирена Ѓока. Адвокатот на поранешниот премиер објаснува зошто го повторуваат барањето откако двапати било одбиено, пренесе Клан.

Топ Чанел : Фикс Фаре/ Поранешни заменици, поранешни градоначалници, поранешни директори присвоиле милиони евра од земјоделски фондови од ИПАРД!

„Фикс Фаре“ ( емисија на Топ Чанел) следеше во средата вечерта по осудите за злоупотреби на земјоделски фондови, каде милиони евра отидоа во рацете на политичарите и големите компании.

Истражувањето покажа дека средствата од АЗХБР, кои се за развој на руралните земјоделски култури, се давани селективно. Некои субјекти имаат корист, а други не! Групата Фикс отпатува до селото Трфуф во Лушње, каде субјект кој добил средства, изградил модерна стаклена градина, пренесува Топ Чанел.

КОСОВО

Балкан Веб- МО на Косово: Три од четирите бригади на српската армија се наоѓаат долж границата со Косово

Премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи предупредија на нови напади како оној на Бањка на северот на Косово. Нивниот став го повтори министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци на А2 Си-Ен-Ен.

Тој посочи дека три од четирите бригади на српската војска се наоѓаат долж јужната граница на оваа земја, односно на границата со Косово.

„Овие 3 бригади имаат оперативно проширување долж границата со Косово. Ова проширување е претставено преку воспоставување на 48 напредни оперативни бази на армијата и жандармеријата долж целата гранична линија“, посочи Маќедонци, пренесе Балкан Веб.

Бота Сот: Запленети околу седум илјади фалсификувани евра во Косово Поле и Грачаница

Косовската полиција запленила околу седум илјади фалсификувани евра во Преоц- Грачаница и регионот на Косово Поле.

Во Косово поле на 11.12.2023 година депонирани се 364 евра, од кои повеќето во вредност од 2 евра, додека во Грачаница 6590 евра, сите по 2 евра, соопштија банкарските службеници, пренесе Бота Сот.

Репортери:Се отвораат воздушните коридори Косово-Албанија

Министерот за инфраструктура Либурн Алиу најави дека Косово ги отвори воздушните коридори со Албанија.

„Штотуку официјално се отворени воздушните коридори со Република Албанија, летовите кон запад и обратно се скратуваат за најмалку 15 минути. Од 1 јануари, сонародниците ќе заштедат уште повеќе време, покрај тоа што ќе патуваат без визи“, соопшти Алиу, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Телеграфи: 2023 година – Година на  Африм Буњаку

“Како новинар, не можам, а да не ги спомнам бројните напади врз колегите додека известуваа од северниот дел на земјата, како граѓанин- либерализацијата на визите за Косово која стапува на сила на 1 јануари 2024 година, како човек – многу позитивни и негативни случувања кои имаат влијание врз иднината на моите деца.

Но, на крајот на оваа година мислам дека ништо повеќе не вреди да се спомене од веќе прогласениот  Херој на Косово, Африм Буњаку“, пишува авторот Мухамет Хајрулаху во колумната „2023 година – Година на  Африм Буњаку“, објавена во Телеграфи.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Photo by JOHN THYS/AFP

Европа се простува од Жак Делор: Архитект на ЕУ, творец на еврото, автентичен социјалист и визионер

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk