ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

О’Брајан: Една партија предлага пат напред, а друга ветува дека ќе смисли начин, фер е граѓаните да побараат нон-пејпер од ВМРО-ДПМНЕ за нејзината визија

January 22, 2024 14:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ми беше кажано дека некој ќе ме праша за ваков нон-пејпер, незнам ништо за тоа останувам на тоа што го кажав во ноември, а и тоа што го кажав денес. Сметаме дека тоа зависи од граѓаните на СМ да решава за пат понатаму. Сметам дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики за тоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со кој ќе се придвижат напред и мислам дека правично е граѓаните на државата да ја прашаат таа партија за овој нон – пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата што ја знаат и помеѓу она што се дава како ветување“, порача денеска помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн на лидерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Скопје.

Според О’Брајaн, во процесот никој нема никого да блокира, ниту има право на вето. Никој нема да го сопре другиот да напредува поради некакви нерешени билатерални спорови, а секоја земја што ќе се обиде да го направи тоа, ќе се соочи со последици.

Во следните неколку месеци се очекуваат и практични иницијативи, а освен за слободниот проток на луѓе, стоки и услуги и за единствената европска зона за плаќање, меѓу лидерите се разговара, како што откри О’Брајaн, и за други идеи како што се производството, преносот и трговијата на електричната енергија.

Од денешниот состанок, напомена, се очекуваат конкретни механизми за имплементација. Точно ќе се знае кој ќе ги спроведува, а за тоа ќе биде и одговорен.

-Лидерите синоќа имаа вечера и разговаравме за ова – со малку работа, може да ги направиме работите подобри. Ставот на САД е јасен, ние долго ги поддржуваме аспирациите за ЕУ на овој регион. Никогаш не сте биле поблиску, а напредокот не води уште поблиску до постигнување на придобивките. Ова е прашање на надеж зашто ЕУ постојано иновира, а Планот за раст е многу поразлична од претходните понуди, вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Зборуваме за слободите – за слободата на единствениот пазар, за слободно двиење на стоките и услугите и тоа се случува во и надвор од овие општества. САД ја поддржува идејата, ние имаме потрошено околу 200 милиони долари за помош на овој регион и ќе останеме посветени на ова, но сега сме фокусирани да го внесеме регионот на единствениот пазар. Што ќе одлучиме денес да правиме во практични рамки? Прво ќе почнеме да ги идентификуваме специфичните иницијативи видливи за бизнисите и граѓаните во регионот, истакна помошникот државниот секретар.

Според него, кога ќе се постави Единствената европска зона за плаќање, придобивките ќе бидат големи и тоа ќе го почувствува секој. Секој поединец што ќе префрла пари во и надвор од регионот ќе заштедува по пет отсто што е подобрување за џебот на луѓето. Со „зелените коридори“, пак, бизнисот значително ќе се подобри. Во овој сегмент има напредок, оцени, но целта е да се постигне уште повеќе – водење бизниси преку граница, во регионот, работа на луѓето во Европа.

-Со Единствената европска зона за плаќање секој поединец ќе заштеди пет отсто. Секогаш кога ќе се префлраат пари од и надвор од регионот, а тоа е значително подобрување во џебовите на луѓето. Второ се зелените ленти – порано камионите поминуваа преку 80 отсто од времето во чекање на границите на Западен балкан, тоа значи дека е невозможно да се води бизнис што ќе зависи од меѓуграниолни трансфери зашто многу се чека и незивенсо е кога работите ќе се испорачаат на пазарите. По ова прашање имаше допбар напшредок, се обидуваме да псотигнеме уште поголлме напредок, ќе глеаме као ода го надградиме сетоа. Целта е граѓаните на земјите да имаат бизниси во регионот, преку граница, да работат во европа.

-Трошоците ќе се намалат речиси за два пати, компании од ЕУ ќе може да аутсорсираат во регионот што е огромна придобивка. Почнавме дискусии за подобрување, за други идеи, како производство, пренос и трговија на електрична енергија, ќе продолжиме со нив како што ќе напредуваме, а во следните неколку месеци ќе треба да имаме практични иницијативи. Денес треба да развиеме механизам за имплементација – на крајот на денот ќе имаме идеја за специфична група луѓе кои ќе ги развиваат иницијативите и треба да ги испорачаат. Политичките лидери се подготвени да го преземат политичкиот ризик. Ќе има многу работа од која очекуваме голем напредок. Во овој процес никој нема да блокира никого, нема право на вето, никој нема да го сопре другиот да напредува поради некакви нерешени билатерални спорови, секоја земја која ќе се обиде да го направи тоа ќе се соочи со последици. Со ова го поставуваме чекорот, ја поставуваме динамиката. Мала група земји ќе одлучува како ќе напредува, а ако некоја земја сака да чека, да набљудува, тогаш граѓаните на таа земја ќе одлучат дали тие политички лидери се вистинските, потенцира О’Брајaн.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКовачевскиЏејмс О'Брајан

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025
Фото: X

Нов израелски напад врз Техеран

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk