По конференцијата и изјавите на лидерите, во рамките на состанокот на лидерите на Западен Балкан – ЕУ што се одржува денеска во Скопје, за време на паузата, лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, се сретна со Рама и Курти.
Како што дознава „Фронтлајн“ на средбата е разговарано за многу теми и за одлуката на Алијанса за Албанците за тоа како ќе се позиционира на мајските избори во Северна Македонија.
По средбата, лидерот на АА, Арбен Таравари на социјалните мрежи објави фотографија од средбата со натпис: „Добри времиња! Кон Европа!“
На состанокот на лидерите на Западен Балкан – ЕУ – учесници се и високи претставници на американската администрација и на Европската унија.
Дестан Јонузи