„Околу целата компликација што треба да се случи неделава во четврток, односно нова Влада, има политички и правни проблеми бидејќи не е едноставно како да се изгласа таква Влада, не само во политичка смисла дали ќе бидат празни местата, туку што предвидува законот за тоа. Мислам дека е срамота да предложиш свои министри а да не изгласаш таква Влада, тоа е една евтина пропагандистичка позиција која во моментот ВМРО-ДПМНЕ ја практикува. Го проблематизираат Талат Џафери кој беше министер за одбрана во нивната Влада и тогаш не им беше проблем. Сега нешто им е проблем“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.
Тој додаде дека очигледно е дека се работи за маневарска позиција во којашто ВМРО-ДПМНЕ се обидува на ниеден начин да не си го проблематизира изборниот датум со каква било официјална одговорност, што подразбира учество и гласање за Влада.
„Они ако може да има поплава, земјотрес, за да не дојдат во ситуација да треба да решаваат и да бидат прозвани на одговорност. Тоа е комоција која ја има секоја опозиција, но не во ваков модел на Пржински влади, бидејќи тоа е важечкиот, законски модел“, посочи Орданоски.