ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукаревска: Европскиот фронт ќе ја извојува победата во пресрет на Денот на Европа

January 28, 2024 20:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска видовме дека внатре во македонското Собрание имавме пратеници кои не гласаа, а присуствуваа во салата, тоа е еден политички феномен. Слушаме дека немаме потреба од таа техничка влада токму од оние кои беа причина за да се направи таа техничка Влада по еден пржински терк. Kрајно несоодветно e ова однесување на ДПМНЕ, да имате свои министри во техничка Влада а да не ги гласате, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Отворено студио на ТВ 21.

Џафери беше член на владата на ДПМНЕ во 2013 година како министер за одбрана. Треба да потсетуваме како беше претходно а како е сега и што се случувало претходно заради вакви небулозни изјави како денешните, додаде Лукаревска.

Таа додаде дека не смее ниту еден политичар да си дозволи да ги дели граѓаните по верска, национална или етничка основа.

Меѓу основните постулати на СДСМ во 2020 година го имавме едно општество за сите, не само за националноста туку и за родови прашања, за младински прашања и нивно позиционирање, за сите теми кои значат почитување на различностите во секој сегменти. Тој постулат ќе го задржиме и во новата победничка програма, истакна Лукаревска.

Таа изрази задоволство што повеќе политички партии ги обединува европската идеја, тоа е европскиот фронт, чиј основоположник е СДСМ. Исто така, нагласи дека се прават последните анализи и согледувања дали ќе одат со заеднички листи, но, според неа, каква и да биде одлуката европскиот фронт ќе биде победник на изборите.

Знам дека европскиот фронт ќе ја извојува победата. Очекувам европскиот фронт да има голем број на пратеници. СДСМ на чело на тој европски фронт ќе овозможи да бидеме дел од ЕУ до 2030 година. Нема поубава и поцврста симболика од 8-ми мај во пресерет на Денот на Европа, 9-ти мај, изјави Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ потенцира дека „има една партија која сака да не врати назад во едно режимско време од кое едвај спасивме жива глава“.

За каква трансформација зборува ДПМНЕ? Да имаме повторно режим, 27 април, тепање во Собрание, носење на Буџет со влечење и бркање на пратеници, да имаме пак пиштење вриштење? Сега слушаме дека кубење на коси ќе биде новиот напреден систем. Тоа не носи иднина за нашата земја и тој концепт на ДПМНЕ ќе биде поразен на парламентарните избори, истакна Лукаревска.

Tags: европски фронтизбориЛукаревскапобедаСДСМТВ 21
Next Post

Гир му го честита изборот на Џафери за премиер на техничката Влада

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk