„Состојбата со ДПМНЕ е чудна. Сега се главните поддржувачи на кандидатот на БЕСА, знаејќи дека нивниот капацитет е нула. Оставени се сами на себе, сите побегнаа. Мицкоски се скара со секој што можеше да се скара. Ги залажува членовите во партијата дека ќе победи. Пушта некои фејк анкети за коишто сите се свесни дека нема ништо да се оствари. Европскиот фронт предводен од СДСМ повторно ќе зададе сериозен удар на сите оние манипулации што ги прави Христијан Мицкоски. Тоа е негов проблем и проблем на неговото раководство коешто му верува слепо“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски во неговото гостување емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.
Во однос на изборот на член на ДИК, Костовски додаде дека оваа работа иако е техничка, не е завршена бидејќи партијата БЕСА не ги исполнувала условите. Кандидатот бил претседател на некој огранок на таа партија. Согласно законските одредби членот не треба да има политичка функција и затоа комисијата го отфрлила, рече Костовски.
„Јас не сум пратеник од ДУИ меѓутоа вие влеговте во коалиција со ДУИ и тоа е одлично. Повторно се виде дека само манипулира Христијан Мицкоски, само го лажете сопственото членство и граѓаните. Сите оние ваши услови дека никогаш нема да влезете со ДУИ во влада сега имаат четири-пет министра коишто заедно седат со Талат Џафери и му се поклонуваат. Човекот што во 2012, 2013, 2014 година го викаа господине министре во Министерството за одбрана, сега го викаат припадник на некакви паравоени формации или човек што не заслужува позиција технички премиер и тука е таа конфузност и контрадикторност на ВМРО-ДПМНЕ која целиот овој временски период граѓаните добро ја гледаат, но сето ова беше печат на сите нивни лаги и манипулации“, заклучи Костовски.