ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Идејата за европскиот сон ќе триумфира, за тоа се жртвуваше многу!

February 20, 2024 14:21
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

На двојните претседателски и парламентарни избори на 24 април и на 8 мај, ќе се сочат два концепта – проевропски предводен од партиите од парламентарното мнозинство и популистичкиот, националистичкиот предводен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат за „Фронтлајн“ познавачи на политичките збиднувања во земјава, нагласувајќи дека европската линија ќе триумфира.

– Сон на сите е земјата да тргне кон евроинтегративните процеси, но некои од политичките чинители кои со националистички идеи сакаат да ја вратат земјата во минатото тоа го прават само за партиски цели. И на овие избори имаме две линии, евроинтеграциската линија треба да преовладува. Партиите од таборот на актуелната власт се на оваа линија, додека опозицијата, особено македонската, мора или да се откаже од популизмот и да рефлектира, или во спротивно нивната политика ќе биде казнета на изборите од граѓаните и граѓанките. На крајот од сè, никој не сака изолација, ниту одолговлекување на крупните процеси, изјави за „Фронтлајн“ Урим Салиу – политички аналитичар.

Политичкото време, вели тој, е да нема повеќе одложувања создадени од лажни причини од политичари од минатото кои покрај евроинтеграциските пречки – создаваат и меѓуетнички тензии бидејќи, како што вели, само ги штитат своите национални интереси во мултиетничка држава.

– Идејата за европскиот сон мора да триумфира бидејќи за тоа се жртвуваше многу, подвлече тој.

Политичкиот аналитичар и извршен директор на невладината „Пулсот на демократијата“ Енвер Салихи, вели дека се работи за еден многу важен процес кој претстои во Република Северна Македонија во наредните месеци.

– Очекуваме повеќе од партиите во оваа кампања да им објаснат на граѓаните за тоа како мислат да се оди напред кон ЕУ во наредниот период. Според анкетите води ВМРО но сепак останува да се види која е разликата и какви ќе бидат комбинаториките за наредната влада. Едно е сигурно дека без промена на преговарачката рамка единствено што треба е внес на Бугарите во Уставот и продолжување на нашиот пат кон ЕУ, како единствена опција и секоја друга математика би билка погубна за граѓаните и ќе нè однесе кон несигурност, вели Салихи во изјава за „Фронтлајн“.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека концептот на неговата партија значи поголеми плати, пензии, слобода на говор и демократија а концептот на ДПМНЕ изолација и насилство.

– Пред граѓаните во моментов има два концепти. Едниот е концепт посветен на демократија, поголеми плати, поголеми пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, слобода да секој си го каже мислењето, концепт на европска Македонија. Вториот концепт е концептот на изолација, страв, насилство, концепт во кој работникот е неважен, продаван низ светот како евтина работна сила, концепт на фрлени пари за споменици, стиропор што ден денес се распаѓаат, жални врби и криминал, рече Ковачевски.

Оваа разлика беше јасна и видлива и досега, но минатата недела можевме со конкретни примери да се потсетиме што значи ВМРО ДПМНЕ на власт и што значи режим, додаде тој.

– Ние две години работиме и обезбедуваме поголеми плати и пензии, тие после две години блокади, за неполни 3 недели колку што имаат министри во техничката Влада, го покажаа вистинско лице, нема никаква промена. Што значи кога вработени во МВР тепаат свои колеги само затоа што си ја извршувале својата работа. Што значи кога член на обезбедување на нивниот прв човек ги тепа своите колеги, овие не смеат ни да пријават дека се тепани. Два дена не смее да направи внатрешна контрола извештај таму. Е тоа е најголемиот потсетник на 2006 година. Ама една работа забораваат, СДСМ е прогресивна партија, СДСМ не е партија на капиталот, СДСМ е партија на трудот. СДСМ е левицата на оваа држава. СДСМ е центарот на оваа држава. СДСМ се синдикатите, работниците, СДСМ се граѓаните, СДСМ се пензионерите и студентите. Истите тие кои до 2016 година беа малтретирани и тепани по плоштадите и библиотеките, сите тие се СДСМ. И не постои капитал, не постојат пари кои можат да ја победат таа волја за напредна и просперитетна држава која што само со нас може да ја имаат граѓаните. Веднаш гледаат граѓаните, изјави дека ќе било хорор, закани, тепачки по автобуси, истепан полицаец. Нема никаква разлика меѓу она ВМРО со Груевски и ова сега со Мицкоски. Тоа е иста матрица, истите техники, истите криминални структури, само се различни луѓето што ги спроведуваат. Затоа, никогаш повеќе режим“ прача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Дестан Јонузи

 

Tags: анти-ЕУВМРО-ДПМНЕевропски фронтизбориСДСМ
Next Post

Откупот на тутунот e при крај, просечната цена е 353,6 денари

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk