ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Постигнат договор помеѓу мнозинството и опозицијата во Албанија; Истрагата за нападот во Бањска може да трае со години; според американски разузнавачи можно е да има меѓуетничко насилство во Западен Балкан во 2024 година

March 13, 2024 10:03
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Фото: Top Channel

Фото: Top Channel

Share on FacebookShare on Twitter

По речиси пет месеци судири и хаос, албанското собрание ќе се врати во нормала, откако претставници на мнозинството и опозицијата постигнаа начелен договор, известуваат албанските медиуми.

Според претставникот на ЕУ во Косово, истрагата за нападот во Бањска може да потрае со години, чекајќи Србија да го почне процесот на истрага, гонење и правда за сите вклучени во терористичкиот напад, пренесуваат косовските медиуми.

Ова дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Албеу: Албанскиот парламент може  да се врати во нормала, по речиси 5 месеци сцени со чад и судири

Во Албанија, двете најголеми парламентарни групи, социјалистичкото мнозинство и демократското, претставени од пратениците од опозицијата кои го поддржуваат поранешниот премиер Сали Бериша, постигнаа начелен договор, кој се очекува да стави крај на тензиите и долготрајниот ќорсокак во постапките на парламентот.

Формирањето на две собраниски истражни комисии, како и создавање на посебна собраниска структура за разгледување на предлог законите за кои се потребни три петтини гласови, се прашањата на кои ќе работат партиите да ги финализираат во следните 24 часа. Американската амбасада и Делегацијата на Европската унија во Тирана го поздравија „враќањето на нормалноста во парламентот“.

По речиси 5 месеци, во кои во собраниската расправа доминираа сцени со чад, врева и судири, најважната институција во државата може да се врати во нормала. На неформалната средба минатата недела меѓу шефовите на пратеничките групи вчера,  следеше Конференција на лидери, која беше свикана со присуство на сите партии. На крајот сите изгледаа задоволни, пренесе Албеу.

Репортери: Специјалниот суд го одби барањето за  укинување на мерката куќен притвор, за Бериша и Малтези

Специјалниот првостепен суд го одби барањето на поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Јамарбер Малтези за укинување на мерката за безбедност.

Решението да остане во домашен притвор донесе судијката Ирена Ѓока. Адвокатот Гец Ѓокутај во изјава за медиумите рече дека „мерката притвор е дадена без да се поставуваат прашања до обвинителите“, пренесе Репортери.

КОСОВО

Газета Експрес: Истрагата за нападот во Бањска може да трае со години, вели Шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово

Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Томаш Сунјог изјави дека истрагата за нападот на 24 септември во Бањска може да трае со години.

Тој вели дека сите чекаат Србија да ги истражи, гони и изведе пред лицето на правдата сите кои наводно учествувале во терористичкиот напад во кој загинаа косовски полицаец и тројца српски напаѓачи, пренесува Газета Експрес.

Визион Плус – „Балканот под ризик од конфликти“, американско разузнавање: Можно е да има меѓуетничко насилство во текот на 2024 година

Американското разузнавање го објави годишниот извештај за светските закани за безбедноста на САД.

Извештајот предупредува на зголемен ризик и понатамошна ескалација на насилството во Западен Балкан во текот на оваа година.

„Западен Балкан веројатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство во текот на 2024 година. Националистичките лидери веројатно ќе ја влошат тензијата за своја политичка предност, а надворешните актери ќе ги засилат и искористат етничките разлики за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да ја попречат интеграцијата на Балканот во ЕУ или во евроатлантските институции“, велат од американската разузнавачка заедница.

Во извештајот се споменуваат судирите на северот на Косово, а се вели и дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, има за цел де факто отцепување на Република Српска, пренесува Визион Плус.

Клан Косова: Ескобар денеска во Косово на средба со Османи за српскиот динар

Пратеникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска ќе започне со официјални посети на Косово.

Од 10:00 часот ќе биде примен од претседателката на Косово, Вјоса Османи, соопштуваат од нејзиниот кабинет, пренесува Клан Косова.

КОЛУМНА

Коха: Со роботи против имиграцијата

„Обично таквите партии се склони да бидат против, не е важно против што, туку да бидат против. Против властодршците, против медиумите, против постоечките политики, против странците.

Иако има разлики меѓу екстремно десничарските партии во зависност од тоа од која земја доаѓаат, бидејќи политичката култура е различна, тие партии имаат заеднички „проблем“ во кој имаат придобивки.

Тоа се странците, имигрантите. За радикалите, „имигрантите“ им ја земаат работата на староседелците, имаат социјална помош, имаат многу деца, доминираат со криминалот, доаѓаат од култури неспоиви со културата на земјите во кои доаѓаат и на тој начин ја загрозуваат благосостојбата, но и самото постоење на национален идентитет“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Со роботи против имиграцијата“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Алексеј Навални и Леонид Волков. Фото: Скриншот

Помошникот на Навални, Волков нападнат со чекан и солзавец во Литванија, веднаш по нападот вети дека ќе ја продолжи борбата против Путин

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk