ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Албанската опозиција бара да се прогласи неважечко гласањето од 7 март; Во Скадар запленети се 37.336 кубици садници канабис; Курти нема да даде оставка, инсистира на распуштање на собранието

March 29, 2024 11:04
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Секретаријатот за етика во албанското Собрание денеска во 11:30 часот заседава за да го разгледа барањето на пратеничката група на ДП да ги прогласи за неважечки гласовите дадени на пленарната седница на 7 март; Пријавено е дека во полициската акција со шифра „Луарза 1“, запленети се 37.336 кубни метри семки и садници канабис, 1 возило, 1 трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност, известуваат албанските медиуми.

Ова се само дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Опозицијата бара откажување на гласањето во Собранието, денеска заседава Секретаријатот за етика

Денеска во 11:30 часот заседава Секретаријатот за етика во Собранието за да го разгледа барањето на пратеничката група на ДП да ги прогласи за неважечки гласовите дадени на пленарната седница на 7 март.

Групата на ДП тврди дека сите закони изгласани на седницата на 7 март треба да се прогласат за неважечки, бидејќи не бил исполнет потребниот кворум во Собранието, пренесува Балкан Веб.

Еуроњуз: Во Скадар запленети се 37.336 кубици садници канабис

Полицијата во Скадар нападна случај на обид за одгледување наркотични растенија.

Пријавено е дека во полициската акција со шифра „Луарза 1“, запленети се 37.336 кубни метри семки и садници канабис, 1 возило, 1 трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност, пренесе Еуроњуз.

КОСОВО

Репортери: Власта инсистира Курти да не поднесе оставка, препорачува на распуштање на Собранието

Во последните неколку дена власта и опозицијата во Косово зборуваа за можност за предвремени избори. Ова е откако понудата на премиерот Албин Курти до опозициските партии дека „заедно можат да ги направат бројките за распуштање на Собранието“, ја врати дебатата за предвремени избори во земјата.

Шефот на косовската извршна власт гарантира дека на опозицијата ќе и обезбеди две третини (2/3) од потребните гласови за распуштање на Собранието на Косово и излегување на предвремени парламентарни избори.

Сепак, Владата инсистира дека оставка на премиерот нема да има. Нивниот „услов“ за одење на нови избори е распуштање на Собранието, пренесува Репортери.

Досја: Реакции по одлуката да се отвори патот за влез на Косово во Советот на Европа

Властите во Косово ја поздравија одлуката на Комитетот за политика и демократија на Советот на Европа од претходниот ден да го отвори патот за членство на Косово во овој совет, а таа е жестоко критикувана од властите во Србија.

Косовскиот премиер Албин Курти одлуката ја нарече многу големо достигнување за земјата.

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека отворањето на патот за членство во Советот на Европа е заслуга на работата на сојузниците на земјата.

Србија е против членството на Косово во овој совет, а нејзиниот претседател Александар Вучиќ предупреди на можноста за негово заминување доколку Косово стане членка, иако во договорот постигнат пред една година во Брисел и Охрид, двете страни ветуваат дека нема да се попречуваат меѓусебно во интегративните процеси.

Двајца делегати од Србија и еден од Босна и еден од Црна Гора  гласаа против препораката на Комисијата за покана на Косово за членство, додека 31 гласаа за препораката.

На 18 април се очекува Парламентарното собрание да гласа за оваа препорака, додека конечната одлука за членството на Косово се очекува во мај, на Советот на министри на Советот на Европа, пренесува Досја.

КОЛУМНА

Коха: Пет германски историчари против канцеларот Шолц

„Пет германски историчари, секој поистакнат од другиот, и се обратија на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц со остро писмо. Германските медиуми го нарекуваат „Brandbrief“: огнено писмо! Најпознат потписник на писмото е Хајнрих Аугуст Винклер (85 години) од Универзитетот Хумболт. Винклер е автор на главните дела за германската историја од 20 век.

Авторите на писмото изразуваат незадоволство поради немањето јасни позиции и недостатокот на несомнена солидарност на Германија кон Украина.“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Пет германски историчари против канцеларот Шолц“, објавен во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Тик-ток, моќна алатка на пропагандата на Кремљ за радикализираните наративи и дезинформации за руската агресија врз Украина

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk