ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ОИ 2024: Водите на Сена се во алармантна состојба, предупредува НВО

April 8, 2024 12:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

На речиси 100 дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз, невладината организација за заштита на водите Сурфрајдер фондацијата денеска предупреди за „алармантна“ состојба на водите на Сена, каде што ќе се одржат неколку олимписки натпревари.

Од 14 мерења направени од ова здружение од крајот на септември 2023 година до крајот на март 2024 година, на местата каде што ќе се одржуваат натпреварите во триатлон и пливање на отворени води, за 13 е утврдено дека се „над или многу над праговите препорачани за пливање“.

Според Европската директива за пливање од 2006 година и скалата на федерациите за пливање и триатлон, концентрациите на двете бактерии кои укажуваат на фекална контаминација, ешерихија коли  и ентерокока, не смеат да надминат 1.000 единици кои формираат колонии во 100 милилитри за ешерихија  и 400 за ентерокока. Над тоа водата се смета за несоодветна за капење.

Анализите, во партнерство со лабораторија со која соработува градската управа на Париз, извршени по случаен избор и според однапред дефиниран распоред со цел да се надминат временските услови, покажуваат концентрации на ешерихија коли редовно повисоки од 2.000 (максимумот беше 7.250) и 500 за ентерококи.

Анализираниот период не е дел од предвидениот за капење во Сена, кој ќе биде резервиран за летните месеци.

Меѓутоа, анализите покажаа дека во периодот од јуни до септември 2023 година, ниту една од 14-те париски точки за земање примероци на вода не достигнала доволно ниво на квалитет во однос на европските директиви.

Соочени со овие алармантни резултати, Сурфрајдер изразува загриженост за квалитетот на водата на Сена и укажува на ризиците за спортистите, но и за населението.

Натпреварите во триатлон ќе се одржат на 30. и 31 јули и 5 август, а пливање на отворени води на 8. и 9 август.

На почетокот на август 2023 година, генералната проба за пливање на отворени води мораше да биде откажана поради очигледното надминување на праговите за квалитет на водата.

Tags: бактерииВодаОИСена
Next Post

Aеродромскиот персонал во Германија и работодавачите постигнаа начелен договор

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk