ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу

April 12, 2024 14:50
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) кон новинарот Фуркан Салиу за наводно попречување во работата на службено лице и бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да ја отфрли, реагираат во заедничкото соопштение ЗНМ и ССНМ.

„Кривичната пријава од МВР за попречување службено лице во извршување на својата службена должност кон Салиу, следува откако пред пет дена тој беше приведен од страна на полицијата за време на фудбалски натпревар. Салиу бил присутен на натпреварот во својство на новинар и се обидел да документира инцидент за што бил попречен од страна на полицијата. Фактот што од досегашните видео материјали од инцидентот не може да се утврди основаноста на кривичната пријава, како и постојаната медиумска хајка од медиуми блиски до политички партии, а на штета на репутацијата на новинарите, отвора простор за сомнеж дека делото воопшто не ни постои. Воедно, укажуваме дека целиот настан е проследен со говор на омраза на социјалните мрежи, што ги доведува новинарите и медиумските работници во лоша и небезбедна состојба во овој чувствителен предизборен период.“, се наведува во реакцијата.

Брутално приведување на новинарот Фуркан Салиу: Не можам да дишам! Фото. скриншот

ЗНМ и ССНМ во соопштението потсетуваат дека побараа „случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу и на неговите колеги кои биле присутни на настанот, а политичките партии да не го користат во своите дневно-политички препукувања. За жал, наместо расчистување на овој случај и поведување на мерки против полицајците кои извршија неовластен претрес на возилото на Салиу, како и против оние кои користеа прекумерна сила при неговото лишување од слобода, МВР се одлучи кривично да го гони новинарот“.

„За овој случај поднесена е и формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на колегата Салиу каде се истакнаа повредите на правата, и побарано е внатрешната контрола да ги испита овие наводи веднаш, а МВР да преземе соодветни чекори против инволвираните службеници за време на целиот инцидент.

Потенцираме дека ЗНМ и ССНМ солидарно стојат зад колегата Фуркан Салиу и дека правдата за него е правда за сите колеги новинари и медиумски работници во земјава.

За овој случај ЗНМ ги извести меѓународните новинарски организации кои ги следат правата и медиумските слободи и веќе е нотиран аларм за прекршување на правата на новинари во Македонија на Платформата за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите на Совет на Европа“, се наведува во соопштението на ЗНМ и ССНМ.

Поврзано: 

МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу, тој повикува меѓународните организации да го следат развојот на ситуацијата

Tags: ЗНМССНМФуркан Салиу
Next Post

Во Филхармонија „Мирисот на липите“, концерт на пијано на Дуња Иванова проследен со текст и нарација на Тина Иванова

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk