Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Бидна првиот круг од претседателските избори. Гласачите си кажаа дека сакаат цврста националистичка рака ем празна популистичка реторика.
Дека ги боли уво за ЕУ, НАТО, демократија, слобода на медиуми и слични небитни ствари. Дека си го сакаат Мицкоски и ВМРО.
Огромно мнозинство од гласачите им прати јасна порака на Пендаровски и предавниците комуњари дека не им е место во оваа балканска оаза на македонштината и да си бараат чаре. Многу јасно го кажаа тоа, со двојно повеќе гласови за Силјановска Давкова отколку за Пендаровски. Што друго да ви кажам што не кажуваат бројките?
Првичните официјални резултати што вчера ги објави Државната изборна комисија покажуваат дека на гласање излегле 905.971 граѓанин односно дека одѕивот бил 49,93 проценти.
За Силјановска-Давкова гласале 363.086 гласови или 40.08 проценти, за Пендаровски 180.500 гласачи или 19,92 проценти, за Бујар Османи од ДУИ 121.088 или 13,07 проценти, за Максим Димитриевски од ЗНАМ 83.856 гласови или 9,26 проценти, за Арбен Таравари од албанската опозиција Вреди 83.393 гласови или 9,2 проценти, за Билјана Ваковска од Левица 41.331 глас или 4,56 проценти и за Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 8.121 глас.
Внимавајте ваму:
Мицкоски сега повикува на обединување и единство на сите.
Силјановска Давкова, ќе ги наброи сите народи спомнати во уставот, ама беља работа нели, ќе заборави да ги спомне Албанците. (Да не и се земе за зло на жената си има години?! Аман те, нели за малку во младоста ќе имала дечко Албанец?!)
Добро, кој им е сега виновен на оние 380 илјади гласачи што бираат зацртана европска иднина наместо матни паради?
Добро, добар дел ќе се посватат со Мицкоски после изборите со малку чеиз, а поголем дел, од онаа или оваа причина, нема да го поддржат Стево.
– Арно им се стори, ќе коментираат.
Оној – добар дел, знае дека Таравари е растргнат помеѓу шансата да го победи Ахмети, и голготата што ќе ја има со Мицкоски. Но, големи и умни се, си знаат, дали ќе слушаат партиска наредба или разумот.
Другите да се борат ли?
И сега неминовно се поставува прашањето за што и за кого?
Прашање на кое нема да ви дадам одговор, затоа што сите си го знаете.
Што правеше политичката вмровска вересија скриена зад Максо, Апасиев и Стевче?
Јаден Максо славеше небаре победил, а далеку е од вториот повеќе од 100 илјади гласа. Си ја славеше победата на ВМРО-ДПМНЕ. Ако не им беше пред тоа јасно на оние што го гласаа, ете им жива прилика да се уверат, дека на 8 мај ќе слават пред белата палата со зурли и тапани гушнати со Антонио Милошоски, Чавков, Горде, Миле и другите што даваа наредби да се тепа на 27 април.
Апасиев наместо да трча тој, се издрибла сам со другарка ѝ на Силјановска, па се избрука. Ќе се избрука сега и на парламентарните.
Стевче предизборниот црно листаш, беше го поебал стратешки чичко Сем во корист на Мицко, баш кога земаше залет. Што им ветил Мицко за така да го помазат предизборно, ќе видиме.
Живели, народе!
И само уште ова – Не заборавајте, на 8 мај да им дадеме апсолутна власт на ДПМНЕ и Мицковци. Локална имаат, судската им е загарантирана во тевтерчето, сега уште парламентарна и претседателска им недостасува.
Гордо и достоинствено, сега е моментот да си ја сјебиме секоја шанса да имаме извесна европска иднина!
Текстот е личен став на Авторот.