ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Избори за Европскиот парламент – меѓу надеж и дилеми за Северна Македонија

June 3, 2024 11:38
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Познавачите на политичките збиднувања и на евроинтеграциските процеси во земјава се поделени во мислењата за влијанието на резултатите од изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат од 6 до 9 јуни. Некои се на мислење дека резултатите од овие избори ќе имаат директно влијание, додека некои се на мислење дека нема да имаат никакво влијание, бидејќи за патот на Северна Македонија кон ЕУ најважна е примената на политиките на ЕУ и владеењето на правото.

Димитар Николовски

Димитар Николовски од Евротинк вели дека резултатите од овие избори служат како еден барометар на ставовите на граѓаните на ЕУ за крупните прашања, меѓу кои и проширувањето.

– На подолг рок, ова за Северна Македонија може да значи олеснување или отежнување на процесот на пристапување. Може да значи и потврда или негирање на датумот 2030 година за кој се зборуваше во изминатиот период. Сепак, на краток рок резултатите не можат да продуцираат промени во нашиот процес: уставните измени ќе мора да бидат донесени доколку сакаме да почнеме да ги отвораме поглавјата, изјави Николовски за „Фронтлајн“.

Исмет Рамадани од Евро-атланскиот совет вели дека европските парламентарни избори посредно ќе имаат влијание во Северна Македонија, со тоа што зависи дали ќе победат политички партии кои се за, или против проширување на ЕУ.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

– Има најави дека екстремно десните партии ќе бидат во пораст, а тоа не оди во наш прилог а и за самата ЕУ. Во таков случај демократијата ќе биде потисната од популизам и национализам. Но, и понатаму има реални показатели дека умерената десница, социјалдемократите, либералите и зелените, сите заедно, ќе бидат во мнозинство во Европскиот парламент. Ваквиот однос на силите, се надевам, ќе продуцира органи на ЕУ кои ќе продолжат со интензивно проширување на Западен Балкан, а тоа значи и членство на РСМ. Мислам дека во сето ова ќе влијае и геополитиката, која значително е поврзана со војната во Украина и руското пенетрирање кај нас и во регионот. Нормално, многу зависи и од односот на новата влада кон интеграциониот процес за брзо членство во ЕУ, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

За жал, додава нашиот соговорник, првичните најави и потези не даваат сигурност дека безалтернативни ќе го изодиме патот кон брзо членство во ЕУ.

– Колку и како ќе влијаат европарламентарните избори кај нас, многу зависи како ние ќе се поставиме како држава со аспирација кон членство во ЕУ, подвлече тој.

Аналитичарот Синиша Пекевски смета дека изборите за ЕУ парламентот немаат некое големо влијание врз државата и преспективите на Македонија.

Синиша Пекевски

– Генерално изборите за ЕУ парламентот немаат некое големо влијание врз државата и перспективите на Македонија. Иако се очекува десните партии да доминираат во ЕУ парламентот тоа нема да донесе значителен плус за Македонија доколку ние не си ги сработиме работите на кои сме се обврзале. ЕУ сака да види промени кај нас и најбитни се – поддржување на ЕУ политиките и владеење на правото и почитуивање на договорите кои Македионија ги потпишала. Напредокот и односот на ЕУ кон нас зависи само и единствено од нас, вели за „Фронтлајн“, Синиша Пекевски – аналитичар.

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО вели дека иако на изглед изборите за Европските парламентарни не причинуваат некоја поголема вознемиреност – нашата политичка елита, треба да ги констатира следните консеквенцији кои можат да произлезат од резултатите на овие избори.

Нано Ружин

Ружин потенцира дека со можното доаѓање на чело на Европската Унија на екстремната десница, националистичка и така натаму, ќе порасне скептицизмот за проширувањето на Европската Унија кон Украина и на Балканот.

Од друга страна, вели нашиот соговорник, овој багаж кој што се случи со фактот што на Украина, Молдавија и Грузија им се даде кандидатски статус, го оптовари овој гломазен број на државите кои се напатуваа за членство во Европската Унија, така што ние сме практично, имам чувство како да сме во истиот пакет.

– Затоа воопшто не се согласувам со некои мислења од страна на сегашното парламентарно мнозенство дека се можни некои нови форми на преговори, менување на преговорачката рамка и така натаму, бидејќи имам импресија дека тие едвај чекат, бар новата влада на Европската Унија, едвај ќе чека некој да прави грешки, да одолговлекува. Моите очекувања се многу песимистички и мислам дека овие резултати што ќе произлазат од парламентарните избори ќе ги почуствуваме, особено ние државите од Западен Балкан кои што се кандидати за членство во Европската Унија, вели Ружин.

Европските парламентарни избори ќе се одржат од 6 до 9 јуни во 27-те земји членки на Европската Унија. Се проценува дека околу 370 милиони граѓани имаат право на глас низ целиот блок, но очекувањата се дека нема сите да се појават на гласањето.

Според една неодамнешна анкета, околу 71 отсто од испитаниците планираат да гласаат, но тоа би било неверојатно добра бројка. На последните избори, во 2019 година, излезноста во повеќето од земјите на ЕУ беше 50,7 проценти.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: евроинтеграцииЕУизбориСеверна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

June 5, 2025
Фото: Скриншот

Трамп побарал Белата куќа да истражи дали сојузниците на Бајден ги прикривале неговите наводни ментални проблеми

June 5, 2025

Штрајк на новинарите во Грција

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk