ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каква е застапеноста на политичките партии на Албанците во извршната власт од 2006 година до денес?

June 3, 2024 12:26
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе се објавени деталите за составот на идниот владин кабинет предводен од Христијан Мицкоски, а во сотав на таа како коалицијони партнери се ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Но, каква е застапеноста на политичките партии на Албанците во извршната власт од 2006 година до денес?

Во рамките на новата влада, според најавите, коалицијата ВЛЕН, покрај функцијата претседател на Собранието, ќе има и две вицепремиерски позиции, меѓу кои и првиот вицепремиер и оној за добро владеење, како и 5 министерства: Здравство, економија, социјална политика, екологија, како и евроинтеграции.

За првпат со новиот закон за организација и работа на органите на државната управа, кој се очекува да биде одобрен во Собранието, Секретаријатот за европски прашања ќе стане Министерство.

Според анализата на Институт за јавна политика „Арбен Џафери“ – застапеностна на партиите на Албанците всушност е значително подобра од онаа што ДУИ и ДПА ја имаа со ВМРО ДПМНЕ во последователните кабинети на Груевски (2006-2015), каде партии на Албанците никогаш не ја имаа функцијата претседател на Собранието, додека во одредени случаи имаа само еден вицепремиер, а од 4 до најмногу 5 министерства. Подобра беше застапеноста за време на владата предводена од Ковачевски (2022-2024).

– Во кабинетот „Груевски V“ (19.06.2014 – 11.10.2015 година) ДУИ имаше најдобра застапеност, со двајца вицепремиери, 5 министри и министерско место без ресор, но тоа е повторно под нивото на застапеноста на ВЛЕН поради недостиг на позицијата претседател на Собранието. Застапеноста на коалицијата ВЛЕН, всушност, е во просекот на владата на Заев. Ако се остави настрана позицијата на Рамиз Мерко како министер без ресор во првиот Кабинет на Заев СДСМ – ДУИ – Алијанса за Албанците, застапеноста на коалицијата ВЛЕН е идентична со втората: спикер, двајца вицепремиери и 5 министри. Дури, по политичка тежина, ситуацијата беше полоша во минатиот Кабинет на Заев (2021 година), каде ДУИ имаше претседател и 6 министри, но само еден вицепремиер, се истакнува во анализата на Институт за јавна политика „Арбен Џафери“.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕпартии на АлбанцитеСДСМ
Next Post

Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на 69. Стериино Позорје во Нови Сад

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk