Веќе се објавени деталите за составот на идниот владин кабинет предводен од Христијан Мицкоски, а во сотав на таа како коалицијони партнери се ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.
Но, каква е застапеноста на политичките партии на Албанците во извршната власт од 2006 година до денес?
Во рамките на новата влада, според најавите, коалицијата ВЛЕН, покрај функцијата претседател на Собранието, ќе има и две вицепремиерски позиции, меѓу кои и првиот вицепремиер и оној за добро владеење, како и 5 министерства: Здравство, економија, социјална политика, екологија, како и евроинтеграции.
За првпат со новиот закон за организација и работа на органите на државната управа, кој се очекува да биде одобрен во Собранието, Секретаријатот за европски прашања ќе стане Министерство.
Според анализата на Институт за јавна политика „Арбен Џафери“ – застапеностна на партиите на Албанците всушност е значително подобра од онаа што ДУИ и ДПА ја имаа со ВМРО ДПМНЕ во последователните кабинети на Груевски (2006-2015), каде партии на Албанците никогаш не ја имаа функцијата претседател на Собранието, додека во одредени случаи имаа само еден вицепремиер, а од 4 до најмногу 5 министерства. Подобра беше застапеноста за време на владата предводена од Ковачевски (2022-2024).
– Во кабинетот „Груевски V“ (19.06.2014 – 11.10.2015 година) ДУИ имаше најдобра застапеност, со двајца вицепремиери, 5 министри и министерско место без ресор, но тоа е повторно под нивото на застапеноста на ВЛЕН поради недостиг на позицијата претседател на Собранието. Застапеноста на коалицијата ВЛЕН, всушност, е во просекот на владата на Заев. Ако се остави настрана позицијата на Рамиз Мерко како министер без ресор во првиот Кабинет на Заев СДСМ – ДУИ – Алијанса за Албанците, застапеноста на коалицијата ВЛЕН е идентична со втората: спикер, двајца вицепремиери и 5 министри. Дури, по политичка тежина, ситуацијата беше полоша во минатиот Кабинет на Заев (2021 година), каде ДУИ имаше претседател и 6 министри, но само еден вицепремиер, се истакнува во анализата на Институт за јавна политика „Арбен Џафери“.
Дестан Јонузи