Администраторите на социјалните мрежи на официјаните профили од Владата, блокирале граѓани да не можат да ги проследат и коментираат содржините пласирани на владините профили.
Професорката Емилија Целакоска во објава на Фејсбук пишува дека без причина била блокирана поради коментар оставен на фејсбук страницата од Владата.
„ВМРО-ДПМНЕ си го присвоил фб и Х профилот на Владата на Република Северна Македонија и си блокира граѓани како некаква параноична спонзоруша! Јас коментирав пред 10 дена на вест за „инвестициите” со линк од вести на „Независен”, без други зборови, а простакот што го води профилот – ме блокирал! Оваа влада е за овци, не за луѓе!“, пишува професорката Целакоска.