ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

СОНК не отстапува од барањето зголемувањето на платите да се случи оваа година, Неделков: Tоа што ни следува по закон треба да ни го платат!

August 23, 2024 14:08
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и покрај најaвите на министерката за образование и наука, Весна Јаневска дека нема да имаа зголемување на платите ова годинава, ќе инсистира зголемувањето да биде ова година.

– СОНК очекува продолжување на социјалниот диjалог, односно разговорите со Министерството за Образование и Наука, која што вели дека во буџетот на МОН нема пари за повисоки плати и сега топката се префрлува на повисоко ниво, на ниво на Влада и министерство за Финансии. Така што, ние наредниве денови треба да се вклучиме во преговори со Владата, највeројатно и премиерот ќе се вклучи каде што ќе се обидеме да најдеме заедно решение за да се надмине овој проблем. Имаме простор, имаме време до средината на септември да најдеме решение. Моето увeрување е дека ќе се најде решение, ќе се најдат срества – пари, затоа што СОНК бара тоа што е законски да почитува и плати, изјави за „Фронтлајн“, Јаким Неделков – претседател на СОНК.

За препораката на министерката наставниците да работат со пасија и да чекаат до наредната година за зголемување на платите, Неделков со став дека наставниците барат зголемувањето да биде како што е предвидено со закон.

– Не.. Не.. до наредната година. Министерката изјави да се почека до наредната година, бидејќи во нејзиниот буџет во МОН нема пари, затоа сега ние ќе одиме на повисоко ниво на ниво на државата – од централниот буџет да се обезбедат средства – тоа е нивна работа. Затоа што тоа што ни следува по закон треба да ни го платат, дециден е Неделков.

Во случај да нема договор, тој најави, седница на Советот на СОНК.

„Во случај да нема договор Советот на СОНК ќе држи седница и ќе донесеме одлука. Каква ќе биде одлуката во моментов не може да ви кажам“.

Зголемувањето на платите, односно нивно усогласување со растот на минималната плата, беше закочено поради двојните избори што се одржаа оваа пролет, па очекувањата беа дека новата Влада ќе го заврши процесот со што вработените во образованието требаше да добијат покачување на платите од 12,5 проценти.

Наместо поголеми плати, министерката Јаневска на наставниците и професорите им порача да имале верба во Владата, но и да покажеле пасија во нивното работење.

– Наставниците имаат права како и сите други, им се обраќам на наставниците да имаат верба во Владата, да имаат верба во министерот за образование и да бидат сигурни дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат приоритет. Јас ги молам наставниците, она како што јас ги доживувам во овој момент, да постапуваат со онаа пасија кога се запишале на факултетот кога ја посакале таа професија да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба да придонесат за знаењето на учениците, да придонесат за напредок на државата, а она што им следува, бидејќи и мене и на премиерот ни е добро познато тие секако ќе си го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи, а јас еве како министер грчевито ќе се борам и ќе се борам и на Влада и со нив со преговори и се тоа да биде што е можно повеќе, изјави Јаневска.

Претходно, МОН најави дека следното покачување на платите во образованието ќе биде во март 2025 година кога платите би се зголемиле меѓу 10 и 12 проценти.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаЈаким НеделковМОНСОНКсоцијална правда
Next Post

Десет нови случаи на голема кашлица регистрирани минатата недела

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk