ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Орбан: Унгарија им припаѓа на Унгарците, нема да прима мигранти без разлика на одлуките на Брисел

September 13, 2024 13:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата нема да стане имигрантска земја, што и да одлучи и да прави Брисел.

Орбан истакна дека од 2015 година, кога беше „врвот на мигрантската криза“, Унгарија постојано повикува на заштита на надворешните граници на Европската унија.

-Наместо да кука и да избегнува одговорност, земјата длабоко зема воздух, крена ограда и ги запре мигрантите. Унгарија им припаѓа на Унгарците, точка, изјави Орбан во интервју за Радио Кошут, пренесува МТИ.

Британските медиуми пренесуваат дека Орбан е уверен оти Европската комисија ќе и ги надомести на Унгарија трошоците за заштита на надворешната граница на ЕУ од илегалната миграција.

Унгарија во 2015 година ја затвори главната транзитна рута низ Унгарија за стотици илјади баратели на азил кои бегаа од војна и сиромаштија, зајакнувајќи ја поддршката меѓу своите сограѓани, но предизвикајќи сериозни критики од многу сојузници на ЕУ.

-Унгарија мора да биде обештетена за тоа што не чинеше заштитата на границите, рече Орбан.

Шефот на кабинетот на Орбан вчера изјави дека Унгарија е подготвена да ја тужи Комисијата за трошоците за заштита на границите, кои Будимпешта ги проценува на две милијарди евра, пренесуваат британските медиуми.

Во јуни, највисокиот суд на Европската унија пресуди дека Унгарија мора да плати казна од 200 милиони евра поради неуспехот да ги спроведе промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил на нејзината граница, одлука што Орбан во тоа време ја нарече срамна.

Заканата на Унгарија дека „ќе испрати автобуси со илегални имигранти во Брисел“ претставува поткопување на солидарноста и соработката во Европската Унија, оцени во средата белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур.

– Како земји членки на Европската унија, треба да работиме заедно на правична, хумана и ефикасна миграциска политика. Со едностраното префрлање на одговорноста преку закани од ваков тип само се поткопува солидарноста и соработката во Унијата, изјави Де Мур.

Ваквиот став на Де Мур претставува реакција на изјавата на шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергеј Гујаш, кој кон крајот на минатиот месец рече дека Будимпешта со автобуси ќе пренесе илегални мигрантите во Брисел, каде што е седиштето на повеќето институции на ЕУ, доколку Унијата опстојува на ставот за спроведување на новите правила за миграција.

Истата закана во петокот ја повтори и пратеникот во унгарскиот Парламент, Бенце Ретвари од редовите на партијата Фидес на Орбан, кој изјави дека по спроведувањето на новата „европска процедура“ за миграција, Владата на Унгарија е подготвена на илегални мигранти да им понуди „бесплатно патување до Брисел во еден правец“.

Во тој правец беше и изјавата на политичкиот директор на премиерот Орбан, Балаш Орбан, кој истакна дека „Унгарија ја штити целата ЕУ со својата строга гранична контрола, додека Брисел повеќе би сакал политика на отворени граници“, па Будимпешта би можела да му овозможи да почувствува како изгледа прилив на илегални мигранти.

На ваквите изјави на унгарски претставници претходно реагираше и бриселскиот градоначалник Филип Клоз, кој во објава на Икс оцени дека станува збор за „провокации“ и побара белгиската Влада да преземе мерки со кои на границата би бил спречен евентуален влез на ваквите автобуси со мигранти во Белгија.

ЕУ во мај годинава ги усвои измените на миграцискиот пакт, на кои се противеа некои од лидерите од земјите членки од централна и источна Европа, меѓу кои и Орбан, но и полскиот премиер Доналд Туск.

Со измените, меѓу останатото, на земјите членки кои се соочуваат со голем прилив на илегални мигранти, како Италија и Грција, им се дава можноста дел од нив да преместат во други држави од Унијата. Доколку некоја земја членка одбие да ги прифати овие мигранти мора да плати „компензација“.

Tags: мигрантиОрбанУнгарија
Next Post

Перински: Досега 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале на повикот за инфраструктурни проекти

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk