ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Нано Ружин: Власта не е многу заинтересирана за понатамошно продолжување на патот кон ЕУ

October 9, 2024 10:54
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Нано Ружин

Нано Ружин

Share on FacebookShare on Twitter

Подадената рака на опозицијата до власта сериозно да се разговара за европската иднина на државата, според познавачите на политичките текови во дипломатијата и домашната политика – дава можност парламентарното мнозинство заедно со опозицијата да разговараат за да изнајдат решение за европскиот пат на земјава.

Според нив, доколку власта сериозно мисли да ја повлече земјата надвор од европското семејство, ова би бил многу непријатен момент за самaта власт.

– Опозицијата и дава уште една шанс на власта на затворена седница на парламентот да дискутираат заедно за овој европски пат, но независно од тоа, сепак епилогот од таквата затворена седница и да биде познат. Зашто мислам дека ова е многу непријатен момент за власта доколку навистина сака да ја повлече Македонија од европското семејство, изјави за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО.

Професорот вели – факт е дека по големото заокружување и отстапуање од патот кон Европската Унија со методи кои се надреалистични и нереални од страната на владата, ја изгубивме таа енергија и тоа постапно приближување кон Европската Унија со оглед дека не ја направивме обврската која што ни беше наметната, да влезат македонските Бугари во преамбулата на Уставот заедно со останатите етнички заедници кои не се дел од таа преамбула.

– Сега тоа ни се врати како бумеренг и секој што малку се разбира во европските интеграции, можеше да претпостави дека не доаѓа предвид никакво повторно преговарање и со Бугарија, и со Европската Унија, затоа што тоа е сериозно прашање, сериозна одлука зад која стои Европската Унија и не може тоа како еден вид форма на трговија да се договара и преговара за нешто што е веќе потпишано како договор. Секако дека дел од интелигенцијата на нашата држава и пратениците и политичката елита бараат да се помрднат работите и разбирливо е дека дури одат до таму да некои размислувања, разговорите власт опозиција да бидат решавани на затворена седмица на парламентот, но прашање е дали и тогаш сегашната влада има јасен став и јасни позиции кон Европската интеграција, истакна професорот.

Се добива впечаток, додава тој, дека власта не е многу заинтересирана за понатамошно продолжување на патот на Р.С. Македонија кон членството во Европската унија и се чувствува одредена промена на меѓународен план, така што можеби се создава една друга оска, која што е денес еден вид тренд во Европа, а тоа е дека владата на Мицкоски се приближува се повеќе кон она групација предводена од Орбан, Фицо, Салвини, Мари Ле Пен, и тука сега влегуваат и други држави кои што ја следат оваа опција, пред се тука мислам на Србија, а можеби и нашата држава, политичката елита размислува околу таквиот блок.

– Не можеме да кажеме дека тоа е готова работа, да констатираме дека припаѓаме на оваа групација на држава, но сепак постојат размислување, постојат дилеми и времето ќе покаже дали овие тенденции се точни, вели тој.

Дестан Јонузи

Поврзано: 

Филипче со подадена рака до власта за ЕУ, Мицкоски нити има, нити прави план за решавање на ветото!

Tags: ВладаЕУНано РужинСкопјеСофијауставни измени
Next Post

Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk