ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Писонеро: Исплатите на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан се можни наскоро

October 16, 2024 13:25
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија работи на одобрување на реформските агенди доставени од пет од шесте земји од Западниот Балкан, како и на подготовка на договорите врз основа на кои наскоро ќе биде можна исплата на првите средства во рамки на Планот за раст на регионот, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

– Откако земјите членки (на ЕУ) на 11 октомври дадоа позитивно мислење за реформските агенди што беа доставени од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, Комисијата сега ќе премине кон следниот чекор – формално одобрување на реформските агенди. Ова очигледно ќе се случи наскоро, рече Писонеро.

Таа додаде дека паралелно со одобрувањето на агендите, Европската комисија работи и подготовка на договори со петте земји партнери од Западниот Балкан за Механизмот за реформи и раст и за заеми, што ќе овозможи исплата на средствата предвидени за предфинансирање во рамките на Планот за раст.

– Овие договори треба да бидат потпишани и ратификувани од земјите членки, па затоа одредувањето на временскиот рок не е сто проценти во наши раце. Но, очекувањата се дека исплатите се можни наскоро, додаде Писонеро.

До крајниот рок, 1 октомври, своите предлог-реформски агенди до ЕК ги доставија сите земји од регионот, со исклучок на Босна и Херцеговина, каде постапката за нејзино усвојување е заглавена во законските процедури.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вчера најави дека се очекува првите исплати на средства во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан да бидат реализирани уште во текот на овој месец.

– Сега отчукува часовникот со цел земјите кандидатки да започнат со реализација на реформите за да можеме да напредуваме со понатамошната исплата на средства, изјави Вархеји по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата ги започна пристапните преговори по кластери.

Вархеји потсети дека Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан има за цел да обезбеди дополнителни инвестиции во инфраструктурата, но и да им помогне на земјите од регионот да ги споредат суштинските реформи кои се неопходни за да станат членки на Унијата. За таа цел се предвидени шест милијарди евра во форма на грантови и заеми, чија исплата зависи од постигнувањето резултати во спроведувањето на утврдените реформски агенди.

Tags: Западен БалканПисонероПлан за раст
Next Post

Зеленски го претстави „планот за победа“ во украинскиот Парламент

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk