Политичката реторика меѓу премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција, Али Ахмети се засили.
Во една од средбите со своите партиски структури и активисти, лидерот на интегративците најави дека плоштадите во Скопје ќе се полнат доколку се чепне албанскиот јазик. И покрај обвинувањата на Мицкоски дека ДУИ се обидува да ја дестабилизира државата, Ахмети вели дека самата држава сака дестабилизација.
Причината на овие преписки е одлуката на Уставниот суд да го преиспита Законот за јазиците.
– Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицковски, уште пред 3 месеци најави и предупредуваше на дестабилизација на државата. Ова предупредување на Мицковски секако се темелеше на дејствијата што се случија потоа. Се случи укинувањето на „Балансерот“ од Уставниот суд, но и најавата за преиспитување на законот за јазиците. Овие точки беа и изборна агенда на партијата на Мицкоски. Тој знаеше дека ќе има реакции за овие одлуки и свесно предупреди на сценарија за дестабилизација, вели за „Фронтлајн“, Дритон Зенку – политички аналитичар.
Според него, рефлексиите на граѓаните, ДУИ и Али Ахмети ги канализираа во политичката агенда.
– Ова што се случува е одраз на одлуките кои доаѓаат од Уставниот суд, но и некои други појави што се случуваат во владата на Мицкоски. Кога ги анализираме последиците, мора да ги погледнеме и причините. Не е проблем да се лоцираат причините. Токму предизборната платформа на ВМРО-ДПМНЕ и одлуките на Уставниот суд ја доведоа оваа состојба. ДУИ како опозициска партија постапува согласно создадената атмосфера. Причините и последиците се очигледни, подвлече тој.
Мицкоски вели дека веќе станало навика, Ахмети со воинствена реторика да повикува на немири и нестабилност, но не мисли дека може да успее во тоа бидејќи Албанците, но и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што лично го направил тој и неколкумината околу него во изминатите дваесет години додека беа власт.
Во врска со соопштението на ДУИ дека Мицкоски и се заканува на опозицијата, премиерот рече дека не се заканува никому бидејќи тоа е дел од неговиот карактер.
– Во одговор на последните изјави кои ја адресираат ДУИ како фактор на дестабилизација, загрижувачка е леснотијата во користењето на разделувачката реторика и обвинувањата кои во реалноста го удираат мултиетничкиот карактер и еднаквоста во нашата земја, велат од ДУИ.
Дестан Јонузи