ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Дестабилизација“ алиби за предизвикување предвремени парламентарни избори?

November 15, 2024 12:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дебатата од дистанца меѓу лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за „дестабилизација“ на државата продолжува да биде тема.

Откако Мицкоски претходно го обвини Ахмети дека е „дестабилизатор“ на државата, истакнувајќи дека и меѓународната заедница е загрижени за постапките на Ахмети и неговата партија, лидерот на интегративците вели дека Премиерот треба да ги праша меѓународните партнери зошто се загрижени за ситуацијата во Северна Македонија.

– Јавно го прашувам господинот Христијан Мицкоскин: Зошто меѓународната заедница е загрижена?. Тој треба да ја праша меѓународната заедница. Зошто е загрижен?! Затоа што меѓународната заедница која има име и презиме се вика Европска Унија, Соединети Американски Држави и НАТО. Тие се гаранти на Охридскиот договор, затоа меѓународната заедница е загрижена. Затоа што се загрозува историски документ – на кој тие биле гаранти затоа што се потпишале во името на Америка, рече Ахмети во својот говор на собирот со партиските структури и активисти во Кичево.

Тој излезе и со предлог за предвремени парламентарни избори заедно со локалните кои се очекува да се одржат во октомври 2025 година.

– Локални и парламентарни избори заедно во октомври следната година“, предлага Ахмети.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена во секое време за предвремени парламентарни избори, но дека тоа претставува дополнителен трошок. Мицкоски рече дека доколку кандидатите на СДСМ и ДУИ победат на локалните избори во октомври следната година, тогаш ќе се организираат предвремени парламентарни избори.

– Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори. Ова е јасно и сите анкети го кажуваат ова, дури има и такви минувачи кои ме среќаваат на улица, ми велат пак ќе гласаме за тебе, зошто да трошиме пари, додаде Мицкоски.

Арбен Таравари, лидерот на Алијансата за Албанците – дел од коалицијата ВЛЕН, го коментираше тековното барање на ДУИ за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните избори во октомври следната година.

Тој вели дека доколку Ахмети сака да ги одмери силите меѓу ВЛЕН и ДУИ, тогаш тоа според него ќе се направи на редовните локални избори.

– Избори имаше пред 5-6 месеци. Отворени сме да разговараме за сите прашања. Мора да имаме поширок консензус ако одиме на избори. Ако треба да се измерат силите, колку е ВЛЕН, а каде ДУИ, мислам дека следната година ќе имаме локални избори, рече меѓу другото Таравари.

И лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека неговата партија е подготвена за предвремени избори.

– Подготвени сме за предвремени избори. Мнозинството граѓани не се задоволни од работата на Владата, порача Филипче.

Политички аналитичари со кои се консултираше „Фронтлајн“, велат дека тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро.

Дестан Јонузи

 

Tags: АхметидестабилизацијаЕУизбориМицкоскиСАД
Next Post
Qiang Liu

Кина

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk