ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа: Државата во 2025 година ја чека целосна блокада кон ЕУ, на локалните избори ќе има „титанска“ трка!

January 3, 2025 12:42
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

2025 година за Северна Македонија ќе биде со тензии поврзани со евроинтеграцискиот процес на земјата, а на внатрешен план ќе биде проследена и со предизвици за организирање редовни локални избори, ова се предвидувањата на политичките аналитичари за политичките случувања во земја во текот на 2025 година.

– 2025 година за Северна Македонија ќе биде со меѓународна тензија за интегративниот процес како и нов предизвик за организирање на редовни локални избори. Исполнувањето на обврската за уставни измени, гледајќи ги политичките текови во Бугарија како немање стабилна политичка влада, мислам дека мали се шансите тие да се случат во оваа година. Во меѓувреме, мислам дека локалните избори ќе се одржат со ривалство меѓу и политички судири од различни форми, како во албанскиот политички блок, така и во македонскиот, изјави за Фронтлајн политичкиот аналитичар Ќенан Алиу.

Политикологот Благојче Атанасоски оценува дека во однос на евроинтеграциите, Македонија се движи по патот на целосна блокада кон ЕУ.

– Оваа година е изборна, имаме редовни локални избори, што значи ќе имаме нова политичка мапа на градоначалници и советници во Македонија. Односно тоа може да значи и поместување во политичкиот сооднос. Доколку опозицијата ги изгуби катастрофално изборите, може да има избор на нов лидер на најголемата опозициска партија, а доколку ДУИ убедливо победи, можно е да се предизвика криза во владејачката коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН и, криза во коалицијата ВЛЕН и прераспределба на моќта кај етничко албанските политички партии, изјави Атансоски за Фронтлајн.

Во однос на евроинтеграциите, додава тој, Македонија се движи по патот на целосна блокада кон ЕУ, нешто слично како пост Букурешт во 2008-мата година.

– Доколку Албанија граби напред, а ние останеме затворени внатре во себе, со тенденција да станеме последната екстензија на српскиот свет, тоа неминовно на долг рок ќе придонесе до имплозија во општеството, особено на меѓуетнички план, што е рецепт за погубност на стабилноста, безбедноста и иднината на државата, наведува тој.

Поранешниот пратеник Зуди Џелили вели дека по промените на власта во Северна Македонија, она што се сфати со почетокот на новата влада е дека на земјата и недостига добро владеење, земјата е покриена со висока корупција…

– На новата влада и требаше малку време да ги идентификува проблемите и како заклучок излезе дека проблемите се многубројни и наталожени долги години по ред. Иако судскиот совет, обвинителството и судовите во различни анкети имаа низок, минимален кредибилитет, тие сепак продолжуваат да дејствуваат како политизирани и партизирани. Стејт департментот на САД требаше да не потсети дека високи државни функционери ги злоупотребиле службените должности и дека со многу високи пари го оштетиле државниот буџет, треба да се бара бескомпромисна одговорност за да се покаже функционирањето на владеењето на правото, нагласува тој.

Според него, она што ја чека Северна Македонија во политичкиот план во текот на 2025 година, се дели на два аспекта:

„Внатрешниот аспект, домашната задача, значи реформите мора да почнат на секое поле, особено најавите за радикални реформи во судството (во правосудниот систем како основен столб на функционирањето на државата) е неопходно за да се донесе напредок. Зголемување на самодовербата и посветеноста за доброто владеење е клучно за создавање силна и функционална држава. Поддршка во земјоделството за зголемување на локалното производство, поддршка за оние кои сакаат да донесат инвестиции од странство и отворање нови работни места. Вториот аспект во надворешниот план, каде приоритет е отворањето на преговорите за членство во ЕУ, доколку има напредок во овој аспект и се случат уставните измени, надежта и самодовербата ќе се вратат кај граѓаните и закрепнувањето на економијата ќе започне“.

Северна Македонија остана на заложбите за членство во ЕУ и во текот на 2024 година, но нејзиното напредување на евроинтегративниот пат и натаму е условено со исполнување на обврските утврдени со Преговарачката рамка, пред се поврзани со промените на Уставот. Наспроти ова, властите на земјава порачуваат дека „македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваат своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, бидејќи споделуваме исти вредности, се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите“.

Сепак, во Заклучоците на ЕУ за проширувањето, усвоени кон средината на минатиот месец, Унијата ја поздрави „определбата на новата Влада на Северна Македонија, која интеграцијата во Европската Унија ја прогласи за своја стратешка цел“, но потсети и дека земјата се уште не ги спровела уставните измени на кои се обврза.

И покрај застојот во процесот на евроинтеграција и оценките за нефер однос на ЕУ кон земјава, мнозинството граѓани на Северна Македонија имаат доверба во Европската Унија.

Резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година, покажуваат дека доверба кон Унијата изразуваат 56 отсто од жителите на земјава.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕУлокални избориуставни измени

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk