ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Европската интеграција на Северна Македонија во светот на српскиот „филм“!

January 8, 2025 12:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија на 15 октомври 2024 година го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, со што се одвојува од Северна Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. Од друга страна Бугарија и Романија членки на Европската – влегува во Шенген зоната. На нивното влегување во Шенген зоната се противеа неколку земји, а најдолго Холандија и Австрија.

Каде е Северна Македонија на полето на ЕУ-интеграциите? Дали поврзувањето со српскиот свет го кочи овој процес?

Политичкиот аналитичар Урим Салиу вели дека додека земјите од регионот се движат со поинакво темпо, Северна Македонија останува на дното.

– Ако се вратиме во минатото, сите процеси порано почнаа овде, но стагнираа. Да имавме помудри, поотворени и поразвојни политики, повеќе војна против организираниот криминал и не само тоа, Северна Македонија веќе ќе беше дел од ЕУ. Но, тие се самиот проблем бидејќи овде промените се случуваат полека, борбата против корупцијата е само декларативна и на медиумски спектакли. Во основа, овде имаме политика која се состои од истите актери кои само ги менуваат улогите за партиски интереси и моќ, а не за радикални промени кои ги надминуваат овие интереси за општо добро, анализира Салиу за Фронтлајн.

Според него, овој хаос и одговара на политиката бидејќи колку повеќе ја продолжуваат оваа анархија, толку повеќе им се продолжува политичкиот живот, но спротивно од она што се бара да се биде дел од ЕУ.

– Имаме политика која сè уште се занимава со минатото и бескорисни судири а не со иднината, подвлекува тој.

Салиу вели дека е случајност или нешто повеќе, тоа што Северна Македонија во овој поглед останува сличнa на Србија, без разлика дали во некои гледишта што ги зближува овие две земји, но и поради стагнацијата околу евроинтеграциските прашања.

Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стратегии во изјава за Фронтлајн вели дека стратегија на владата е да чека некои поповолни времиња во ЕУ за нас.

– Ми делува дека најновата стратегија на нашата влада е да чека некои поповолни времиња во ЕУ за нас, најверојатно поврзани со реформи околу системот на носење одлуки за проширувањето. Така, ќе ги гледаме Украина и Молдавија како брзо напредуваат, а ние ќе тапкаме во место барем уште неколку години, потенцира Николовски.

Причината што Северна Македонија досега не го исполни условот што го наметна Бугарија – да го смени Уставот и во него да го вметне и бугарското малцинство. Овој услов влезе во преговарачката рамка која Собранието ја изгласа во јули 2022 година, под називот познат во јавноста како „француски предлог“. Тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше против уставни измени.

По изборите во мај 2024 година, на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, владата на премиерот Христијан Мицкоски стави до знаење дека сака да го репреговара т.н. „француски предлог“. Мицкоски на почетокот на септември рече дека уставни измени со одложено дејство е едно од можните решенија, под услов да има јасна гаранција за членство во ЕУ.

Патот на Северна Македонија и на Албанија кон членството во ЕУ беше споен со почетокот на преговорите во летото 2022 годинa. Тогаш беа одржани и првите меѓувладини седница на Скопје и Тирана со Брисел, но отворањето на кластерите беше поместено за втората меѓувладина седница.

Претходно, во ноември 2020, Бугарија стави вето за преговарачката рамка за Северна Македонија со Европската Унија поради спор околу јазикот, историјата и бугарското малцинство.

Со посредство на европските партнери, беше пронајден компромис за преговарачката рамка на Северна Македонија која прифати во Преамбулата од Уставот, покрај веќе постоечките, да се додаде и бугарската заедница. Од друга страна, пак, се задржа чистата формулација за македонскиот јазик со тоа што Бугарија даде унилатерална изјава во која го изрази својот став за ова прашање – дека македонски јазик не постои, туку станува збор за дијалект на бугарскиот јазик. За да се одржи втората и да почнат да се отвораат поглавјата македонскиот парламент треба да изгласа уставни измени со кои Бугарите ќе ги вметне во Преамбулата.

Дестан Јонузи

Tags: ЕУСкопјеСофијаТиранауставни измени
Next Post

Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5 %, а цените на мало за 3.8 %

НАЈНОВО

Буџет со повеќе прашања отколку решенија

November 14, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

November 14, 2025

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk