ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Условот на ВЛЕН за уставните измени му одговара на Мицкоски

January 10, 2025 12:44
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на партиите на Албанците, но ВЛЕН влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова. И по шест месеци власт не се изгласаа уставните измени, а патот кон ЕУ е блокиран.

Откако беше формирана Владата предводена од Христијан Мицкоски, Европскиот фронт (ДУИ) го оспори легитимитетот на ВЛЕН, бидејќи тие влегоа во Владата иако имаа помалку пратеници од нив. Но, алибито на ВЛЕН за ова беше дека тие се единствената албанска коалиција, алудирајќи на тоа дека ДУИ во својата коалиција имаше и партии на турската, ромската и бошњачката заедница.

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО за „Фронтлајн“ вели дека условот на ВЛЕН потполно и одговара на Владата, бидејќи таа мораше да најде и бара изговор за да ги откочи блокадите на ЕУ патот на државата.

– Мислам дека условот на ВЛЕН потполно и одговара на владата, бидејќи таа мораше да најде и бара изговор на кој начин да ги откочи блокадите со кои што се соочува нашата држава заради нерегулирањето на уставниот статус на Бугарите и останатите етнички заједници во Македонија, така што под притисок и на меѓународната заедница, меѓутоа и на внатрешните, би рекле, незадоволства на граѓаните, што Албанија е пред нас, мислам дека можеби ќе се случи некоја промена што ќе доведе до тоа повикувајќи се на предлогот на ВЛЕН да дојде до зафаќање со овие уставни измени. Сега како што кажав власта, сегашна кога беше во позиција, мораше да води повеќе сметка за оваа димензија, бидејќи со самите моќни екстремни позиции по ова прашање, сега самата мора да ја сече гранката на која што седи, анализира Ружин.

Северна Македонија досега не го исполни условот што го наметна Бугарија – да го смени Уставот и во него да го вметне и бугарското малцинство. Овој услов влезе во преговарачката рамка која Собранието ја изгласа во јули 2022 година, под називот познат во јавноста како „француски предлог“. Тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше против уставни измени.

По изборите во мај 2024 година, на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, владата на премиерот Христијан Мицкоски стави до знаење дека сака да го репреговара т.н. „француски предлог“. Мицкоски на почетокот на септември рече дека уставни измени со одложено дејство е едно од можните решенија, под услов да има јасна гаранција за членство во ЕУ.

Патот на Северна Македонија и на Албанија кон членството во ЕУ беше споен со почетокот на преговорите во летото 2022 годинa. Тогаш беа одржана и првата меѓувладина седница на Скопје и Тирана со Брисел, но отворањето на кластерите беше поместено за втората меѓувладина седница.

Претходно, во ноември 2020, Бугарија стави вето за преговарачката рамка за Северна Македонија со Европската Унија поради спор околу јазикот, историјата и бугарското малцинство.

Со посредство на европските партнери, беше пронајден компромис за преговарачката рамка на Северна Македонија која прифати во Преамбулата од Уставот, покрај веќе постоечките, да се додаде и бугарската заедница. Од друга страна, пак, се задржа чистата формулација за македонскиот јазик со тоа што Бугарија даде унилатерална изјава во која го изрази својот став за ова прашање – дека македонски јазик не постои, туку станува збор за дијалект на бугарскиот јазик. За да се одржи втората и да почнат да се отвораат поглавјата македонскиот парламент треба да изгласа уставни измени со кои Бугарите ќе ги вметне во Преамбулата.

Дестан Јонузи

Tags: БриселВладеВМРО-ДПМНЕВредиЕУСАДСкопјеСофијауставни измени
Next Post

Косово затвора паралелни српски институции, Србија ќе продолжи да ги финансира работниците, на САД и ЕУ не им се допаѓа акцијата на косовските власти

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk