ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет ЕУ мора да промени некои работи за да ги одбрани своите вредности

January 22, 2025 11:22
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првите три недели од 2025 година се показател за промената во глобалната политика и влеговме во нова ера на сурова геостратешка конкуренција, каде имаме работа со сили со големина на континент, кои се ангажираат меѓу себе главно врз основа на интереси, истакна денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европскиот парламент посветена на резултатите од декемврискиот Самит на ЕУ.

– Оваа нова динамика се повеќе ќе доминира во односите меѓу глобалните актери. Правилата за ангажман се менуваат. Можеби на некои во Европа не им се допаѓа оваа нова реалност, но ние мора да се справиме со неа. Нашите вредности не се менуваат. Но, за да ги одбраниме, мора да се променат некои работи, рече Фон дер Лајен.

Според неа, за да ги заштити своите интереси и вредности ЕУ мора да биде економски силна, па затоа следната недела Европската комисија ќе го претставиме новиот „Компас за конкурентност“, кој ќе постави три цели – затворање на јазот во иновациите меѓу Унијата и нејзините конкуренти, утврдување заеднички патоказ за декарбонизација и конкурентност и зајакнување на економска отпорност и безбедност на блокот.

Таа се осврна и на цените на енергенсите, кои, како што рече, во Европа се структурно повисоки отколку во САД или Кина и значително се разликуваат низ ЕУ.

– Затоа, мораме да ги намалиме, додека го завршиме постепеното исфрлање на руските фосилни горива… Мора да продолжиме да ги диверзифицираме нашите енергетски извори, да инвестираме во технологии за чиста енергија… и да мобилизираме поголем приватен капитал за да ги модернизираме нашите мрежи и инфраструктура, рече Фон дер Лајен, нагласувајќи дека овие заложби ќе бидат дел од новиот Енергетски план, што Европската комисија ќе го претстави во февруари.

Фон дер Лајен оцени и дека ЕУ мора да ја зајакне својата економска отпорност и безбедност, во услови кога глобалните сили се борат за пристап до суровини и витални синџири на снабдување, за што е потребно зајакнување и проширување на партнерствата на Унијата ширум светот.

– Во последните години, склучивме повеќе од 35 нови договори со партнери ширум светот, токму за да обезбедиме пристап до суровини или чист водород и да диверзифицираме некои од нашите синџири за снабдување со чиста технологија, рече Фон дер Лајен.

Според неа, ваквиот нов ангажман ширум светот не е само економска неопходност, туку и порака и одговор на Европа на зголемената глобална конкуренција.

– Сакаме посилна соработка со сите кои се отворени за тоа, а ова секако ги вклучува нашите најблиски партнери. Мислам, се разбира, на САД. Ниту едни други економии во светот не е толку интегрирана како Европа и Америка, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека во односите со новата Американска администрација, ЕУ секогаш ќе ги има на ум оваа поврзаност и пријателствата, семејните врски, заедничка историја и култура од двете страни на Атлантикот.

– Нашиот прв приоритет ќе биде што поскоро да се ангажираме, да разговараме за заедничките интереси и да бидеме подготвени за преговарање. И кога ќе дојде време за преговарање, ќе бидеме прагматични во барањето заеднички јазик. Но, исто така, сакам да знаете дека ние секогаш ќе стоиме на нашите европски принципи, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците.

Next Post
Фото: wikimedia commons

Експерти на ОН го повикуваат Тајланд да не депортира десетици Ујгури во Кина каде што се соочуваат со „реален ризик од тортура“

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk