ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

СЀ Е КАКО ШТО ТРЕБА: Специјалистот за дигитален маркетинг во проект на УСАИД, министерот Андоновски, заплеткан во скандал со непотизам

Министерот Андоновски е интересен за јавноста и во контекст на неодамнешната одлука на Доналд Трамп да ги замрзне фондовите на УСАИД. Биографијата на министерот, објавена од државната новинска агенција МИА, открива дека тој бил „специјалист за дигитален маркетинг во USAID/OTI Macedonia Support Initiative 2, имплементирана од Chemonics International“. 

February 6, 2025 20:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не многу видливиот министер за информатичко општество Стефан Андоновски одеднаш стана многу интересен за јавноста. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за него и неговото семејство. Татко му на првиот информатичар стана советник на премиерот Мицкоски. Претходно, неговиот брат беше назначен како началник во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Скандалот со непотизмот го откри СДСМ на прес конференција во средата кога опозициската партија остро ги осуди практиките на власта и побара од ДКСК да отвори истрага за случајот.

„Ова уште еднаш ја покажува вистинската природа на оваа власт – наместо компетентност и заслуги, пресудни критериуми за добивање работа и функции се семејните и партиските врски, однос неспособноста“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таткото на министерот, Љупчо Андоновски стана директор на УБК, откако првиот човек на оваа озлогласена институција, Сашо Мијалков, братучед на тогашниот премиер, сега бегалец од правдата, Груевски, си даде оставка на таа позиција. Тоа, за тие што заборавиле, се случи речиси истовремено со оставката на Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи, и Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Оставките на Мијалков и Јанкулоска уследија по страотниот безбедносен инцидент населбата Диво Насеље во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година.

Министерот Андоновски е интересен за јавноста и во контекст на неодамнешните глобални реакции на одлуката на новиот американски претседател Доналд Трамп да ги замрзне фондовите на УСАИД. И додека толпи вмровски ботови и пропагандисти, придружени од оние на т.н. Левица и други ултрадесничарски групи, го линчуваат УСАИД и корисниците на грантови од најголемата агенција за меѓународен развој, биографијата на министерот, објавена од државната новинска агенција МИА, открива дека тој бил „специјалист за дигитален маркетинг во USAID/OTI Macedonia Support Initiative 2, имплементирана од Chemonics International“.

МИА (извадок)

Но оваа „мала недоследност“ на вмровската пропаганда не е новост. Голем број владини ресори и локални власти добиваа милионски суми од американската развојна агенција за инфраструктурни, развојни и реформски зафати во земјата, за време на владеењето на оваа партија. Што, се разбира, не им пречеше во 2016 и 2017 година да истакнуваат транспаренти „Бејли (тогашниот американски амбасадор), оди си дома“ и да спроведуваат пропагандно-полициска хајка против граѓанското општество во операцијата запаметена под злокобното име „Стоп Сорос“.

Д. Е.

Next Post
Маркет. Фото: Фронтлајн

Нов бојкот на маркетите, Стопанската комора вели не се виновни - работат со минимални маржи

Shortcut

Најново

Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk