Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, изјави Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, јасно порачувајќи ѝ на македонската влада дека само имплементирањето на „Францускиот предлог“ – усвојувањето на уставните измени, се решението за продолжување на европскиот пат.
„Францускиот предлог ќе биде строго следен. Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија“, рече Георгиев.
Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК смета дека Скопје има проблем и со Софија и со Брисел.
– Скопје има проблем и со Софија и со Брисел. Со Софија, затоа што нереално очекуваме дека тие ќе се согласат за некакви промени во рамката па потоа ќе ги убедат и останатите земји од ЕУ. Со Брисел затоа што сакаме да добиеме олеснителни околности и да се промени еден тешко постигнат консензус на ниво на Унијата, т.е. преговарачката рамка. И двете дестинации не покажуваат никаква волја да ги променат своите ставови и поради тоа сме заглавени, изјави Николовски за Фронтлајн.
Дестан Јонузи