ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Политиката на Владата без компас – импулсивно и без надворешно политички приоритети

February 26, 2025 14:12
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија, како минимална и периферна држава, влегува во оро со музиката на светските сили“, вели во изјава за Фронтлајн, Дритон Зенку – политички аналитичар, зборувајќи за актуелните политички текови по победата на Трамп.

Дритон Зенку

– Трамп потекнува од бизнис секторот и така се однесува во политиката. Погледнете го случајот со Украина: дајте ми минерали за да ми ја дадете моќта на војната. Маневрира и успева. Работите ќе се вратат во нормала и САД повторно ќе лобираат за Европа. Северна Македонија, како минимална и периферна држава, влегува во оро со музиката на светските сили. Кога САД ќе дадат сигнали, државите како Северна Македонија пак ќе се вратат на евроатлантските процеси. Се наоѓаме во период на редефинирање на многу нешта на глобално ниво, смета Зенку.

Според Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, Македонија не го напушта правецот кон Европската Унија, туку едноставно го следи правецот на големите сили.

– Посетата на Макрон, која што повеќе се однесуваше како представник на Европската Унија во средбата со Трамп, веќе ниту во Европската Унија, па ниту на друго место, никој не зборува за војна, сите зборуваат за мир. За двете резолуции, од кои во едната, Северна Македонија беше конспонзор, тоа е Американската, заедно со Унгарија, Израел и така натаму, а при тоа се случи еден абсурд, Северна Македонија, нашот представник, не гласаше, туку беше воздржан, што е редко во меѓунардоните односи, бидејќи се најде во многу непријатна состојба, од друга страна се појави Европската Унија, па и поддржана од НАТО во смисла на тоа дека во Европската резолуција се зборува за задолжително враќање на окупираните територии на Украина од страна на Русија. Меѓутоа, тоа е протолкувано во Американската администрација како продолжување на војната, анализира професорот.

Нано Ружин

Според нашиот соговорник од една страна беше добро што Македонија не се изјасни за нито една резолуција, а од друга страна е многу абсурдно што за една резолуција, за прв пат од поновата историја, гласа Соединетите Американски држави, Русија, Јужен Судан, Северна Кореја, Белорусија.

– Ретко ќе најдете заеднички иментител во надворешната политика за вакво нешто, но тоа е резултат на огромните трансформации што се случуваат во светот, трансформации кои што се забрзаа благодарење на доаѓањето на Доналд Трамп во Соединетите Американски држави, но исто така и како резултат на изминатиот период на глобализацијата, која произведе позитивни одредени неповолни консеквенции, и извојувањето на така наречениот глобален јук и исток, кој што на извесен начин се представи како еден заеднички ентитет, и ако меѓу нив постојат големи разлики, подвлече тој.

Практично, додава Ружин, се појавува една констелација антизападна меѓу останатиот свет, бидејќи не знаеме како да ги нарекуваме овие држави, и Западот, затоа тоа наведува на необходност за повторно редефинирање на односите во светот, особено меѓу два ентитета, или посебно една со друга.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека последното гласање за резолуциите за Украина во ОН јасно покажало дека македонската надворешна политика е без компас, дека се одлучува импулсивно и без надворешно политички приоритети.

– Со овие хаотични и навистина неразбрливи одлуки Македонија испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација. Дополнително Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што прифати да бидеме коспонзори на американската резолуција, а потоа гласавме воздржано. Прв пат една македонска влада што конспонзорира резолуција потоа не гласа за истата, рече Филипче.

Филипче смета дека за двете резолуции во ОН требало да се гласа „за“, бидејќи тие не се косат една со друга туку се надополнуваат.

Тој го поздрави продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД, но побара одговори од Владата која за оваа поддршка на новата администрација на САД, што побарала Владата и што очекува од тоа.

Го повтори ставот на СДСМ за европската иднина на земјата. Филипче на прес-конференцијата од Владата побара одговор дали навистина парите од унгарскиот кредит се потрошени или се трошат.

Дестан Јонузи

Tags: БриеслВашингтонДритон ЗенкуЕУНано РужинРусијаСАДУкраина
Next Post

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk