ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: ЕИБ ќе игра клучна улога за безбедноста и одбраната на Европа

March 6, 2025 12:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На актуелните геополитички промени треба да гледаме како на одлична можност за изградба на Европа на одбраната, со нови ресурси, алатки и инвестиции, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во видео обраќањето на годишниот Форум на Европската инвестициска банка (ЕИБ) што се одржува во Луксембург.

– ЕИБ ќе има важна улога во тоа. Вашата улога беше клучна во дигиталната, енергетската и климатската транзиција, сега вие ќе имате клучна улога за нашата безбедност и одбрана, наведе Кошта во обраќањето, извинувајќи се што не може да присуствува во живо на Форумот поради неговите обврски околу денешниот специјален Самит на ЕУ во Брисел, посветен на поддршката на Украина и европската безбедност.

Кошта нагласи дека од особена важност е дополнително приспособување на практиките за кредитирање на ЕИБ за обезбедување повеќе заеми за одбранбениот сектор, со цел мирот и безбедноста на Европа да станат нова цел на јавните политики на ЕИБ и тие да се усогласат со новите политички приоритети на Европската Унија.

– Додека ја градиме Европа на одбраната, мора да продолжиме и со нашата агенда за конкурентност и нашата стратешка агенда за автономија, особено за енергијата и критичните технологии и инфраструктури. Всушност, мораме да мислиме паралелно на се заедно: европската одбрана, европскиот заеднички просперитет и европската стратешка автономија. Тие се силата на Европа. Тие се за нашата заедничка иднина, заради нашата безбедност, квалитетни работни места и нови можности за нашите региони, додаде Кошта.

Според него, за да се надмине јазот во иновациите и продуктивноста во ЕУ, сега е совршено време за олеснување на животот на индустријата, без откажување од зелената и инклузивна транзиција и со интегрирање на европските пазари на капитал и насочување на заштедите кон продуктивни инвестиции, со што единствен европски пазар ќе стане поиновативен.

– Оваа 2025 треба да биде година кога ќе испорачаме, заради безбедноста, просперитетот и одржливоста на сегашните и следните генерации, додаде Кошта во видео обраќањето на Форумот на ЕИБ.

Tags: европаЕИБКошта
Next Post

Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk