ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

(ВИДЕО) Босанските рокери „Дубиоза колектив“ ги исмејуваат рамноземјашите со новиот регионален хит

March 11, 2025 13:07
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

За само неколку недели, видео-клипот од новиот сингл на босанската рок-група „Дубиоза колектив“ наречен „Балкан бојс“ достигна над четири милиони гледања на социјалните мрежи, стекнувајќи статус на регионален хит. Со песната се исмејуваат низа стереотипи за балканците, меѓу кои и теориите на заговор за таканаречена „рамна земја“.

Во моментов клипот на „Балкан бојс“ бележи над 1,2 милиони гледања на Јутјуб, над 2,4 милиони гледања на Инстаграм и над милион гледања на Фејсбук – повеќе од 600 илјади како рил и над 400 илјади како цел клип.

Песната е на англиски јазик, а како и за други хитови на „Дубиоза“ во верзијата на Јутјуб има обезбедено и превод со титл на кинески, чешки, германски, италијански, полски, романски и шпански, што придонесува за нејзина промоција и вон регионот на Западен Балкан.

Меѓу другото, песната „Балкан бојс“ ги содржи и стиховите со кои се исмејува теоријата на заговор за рамна земја, при што е прикажана и сцена со верзија на рамноземјашки поглед на Земјата од Месечината во дух на познатата фотографија „Сината џамлија“.

„I like planet as a ball
Some people tell me it’s flat
And if it’s flat then I could fall
But where’s the logic in that?“

односно

„Си ја сакам планетата како топка
Некои луѓе викаат дека е рамна
Ама ако е рамна тогаш би можел да паднам
Каде е тука логиката?“

Теоријата на заговор за таканаречена „рамна Земја“ со која се тврди дека таа не е тркалезна и кај нас се предава како пример за некритичко и ненаучно размислување во учебници за основно образование. Инаку митот дека земјата е плоча бил отфрлен уште во античко време, а Ератостен уште пред 2300 години, во третиот век пред нашата ера го имал пресметано нејзиниот обем.

Иако се предмет на иронија од едуцираната јавност и во светот и кај нас, на социјалните мрежи често се појавуваат објави кои промовираат теории на заговор за „рамна Земја“, за кои предупредува и сервисот за проверка на факти „Вистиномер“.

Синглот „Балкан бојс“ требаше да биде објавен на 24 јануари, но „Дубиоза колектив“ го одложи објавувањето за три дена, во знак на поддршка на генералниот штрајк во Србија организиран од студентското движење за правда кое бара одговорност за 15-те жртви на падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Како одговор на злонамерните коментарите „зошто бенд од друга земја се меша во туѓи протести“ тие објавија соопштение на нивниот профил на Фејсбук:

„Дубиоза колектив е бенд составен од луѓе од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и словенија. Го поддржуваме секој протест за кој сметаме дека има за цел борба за достоинство и подобар живот на обичниот човек. За себе сакаме да кажеме дека при раѓање прво станавме обични луѓе, а потоа дури попат и Босанци, Срби, Хрвати или Словенци.“

Oва не е прв пат „Дубиоза колектив“ да ги поддржува студентските движења во регионот кои се борат за демократија и пристоен живот. Во 2015 година тие во знак на поддршка на Студентскиот пленум одржаа бесплатен концерт на платото на УКИМ во Скопје, што е документирано на следното видео од Мета.мк.

Преземено: Мета.мк

Tags: Босанските рокериДубиоза колективрамноземјашите
Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Таравари вели нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, СДСМ бара да постапат ДКСК и ЈО

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk