ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Не можеме да бидеме блокирани затоа што Унгарија размислува поинаку од сите други 26 членки на ЕУ

March 21, 2025 10:02
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не можеме да бидеме блокирани затоа што Унгарија размислува поинаку од сите други, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на мартовскиот Самит на ЕУ, во одговор на прашање дали одлуката на Будимпешта за блокирање на заклучоците за поддршка на Украина на втор Самит по ред, претставува „ново нормално во ЕУ“.

– Унгарија има поинаква позиција од другите 26 земји членки на ЕУ кога станува збор за тоа како да се поддржи Украина во постигнувањето мир и мораме да ги почитуваме разликите, нагласи Кошта.

Тој додаде дека останатите 26 земји членки се усогласиле за многу јасни заклучоци за Украина и остануваат обединети околу тој став, со почитување на различните ставови на некој друг.

Кошта нагласи дека Унијата е составена од 27 нации со различни култури, традиции и погледи на светот и разликите не се ништо ново.

– Почнавме со шест земји, сега имаме 27 и сме во процес на проширување. Секој круг на проширување ги прави работите се попредизвикувачки, но тоа е позитивното живеење на Унијата, рече Кошта.

Според него, и претходно меѓу земјите членки постоеле разлики за некои прашања, дури и блокади при носењето одлуки, но Унијата секогаш наоѓала начин да се справи со тешкотиите.

– Ако имате 26 земји членки со една позиција и само една со друга, тоа мора да го почитувате, но таа е изолирана, рече Кошта.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од своја страна доададе дека основа на дискусијата на Самитот беше Белата книга за европската одбрана, чие име „Подготвеност 2030“ кажува се и опфаќа широк спектар за активности за финансирање на безбедносната инфраструктура.

Таа најави и дека веќе следната недела Европската комисија ќе презентира и втор столб на пакетот „Подготвеност 2030“, кој ќе претставува стратегија за справување со кризи, природни катастрофи и други вонредни состојби.

На прашање дали лидерите го прифатиле барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски за итна помош од ЕУ за артилериска муниција во висина од пет милијарди евра, Кошта одговори дека Унијата веќе обезбеди финансиска и воената поддршка за Украина во текот на 2025 година, а со Планот „Ревооружување на Европа“, што Европската комисија го претстави пред две недели, се зголемува маневарскиот простор за земјите членки да ја зголемат поддршката за Кијив.

Со овој пакет, според Кошта, се создаваат поголема флексибилност и можности за земјите членки на ЕУ одделно да ги користат своите средства за поддршка на Украина.

– Одбраната и зајакнувањето на економија се две страни на истиот медал и со зајакнувањето на конкурентноста, ја зајакнуваме и нашата одбрана, додаде Кошта.

Tags: ЕУКоштаУнгарија
Next Post
фото извор: Радио Кочани

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk