ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Без вистина, нема слобода: Слободата не се генерира – таа се брани

May 4, 2025 11:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА
No Truth, No Freedom

Да го запомниме овој Светски ден за слобода на медиумите со тага и огорченост за судбината на сите оние новинари и новинарки кои го загубија животот само затоа што ѝ служеа на вистината. За сите оние што се затворени, цензурирани, дискредитирани, исмевани или присилени на молк. Во свет полн со бучава и лаги, тие продолжуваат да зборуваат – некогаш со зборови, понекогаш само со тишина што вреска. Овој ден не е само за медиумите. Тој е за сите кои веруваат дека без вистина, нема слобода.

Нема зборови што можат доволно да го осудат бруталното убиство на украинската новинарка Викторија Рошчина, која исчезна додека известуваше од територија окупирана од рускиот агресор, а неодамна беше вратена во ковчег, мртва, осакатена, етикетирана како „неидентификуван маж“. Нејзиното тело пристигна во Украина на 14 февруари 2025 година, со број 757 и означено со зборот „СПАС“, веројатно алузија на наводна причина за смрт: „комбинирана повреда на коронарните артерии“. Но, судската обдукција во Украина откри нешто ужасно: недостигаа нејзиниот мозок, очите, дел од душникот, и други витални органи. Сето тоа укажува на свесен обид да се сокрие вистинската причина за смрт. Ова е злосторство, чин на терор, и директен удар врз вистината. Викторија не е само жртва на злосторничкиот руски режим и геноциден агресор – таа е симбол на новинарската храброст што диктаторите сакаат да ја избришат. Но нема да успеат.

Јас сум јавен застапник на новинарот Вилен Темерјанов, чија судбина останува непозната, откако припадниците на руските окупациски сили упаднаа во неговиот дом на 11 август 2022 година, го уапсија и лажно го обвинија за учество во активности на терористичка организација. Се разбира, единствената „терористичка активност“ на Вилен се состои во тоа што известувал за окупациската репресија врз неговите сограѓани на Крим. Прочитајте повеќе во моето јавно обраќање до руските окупациски сили на 24 февруари 2025.

Сведоштвата за бруталната пресметка со оние чиј единствен „престап“ е што си ја работат својата работа во служба на јавниот интерес и вистината – трагичните жртви меѓу новинарките и новинарите во Украина, Газа, и низа други земји погодени од војна или авторитарни режими – нè потсетуваат дека борбата за вистината е нераскинливо поврзана со нашата иднина како цивилизација. Додека некои молчат или му се покоруваат на стравот или понизниот колаборационизам и опортунизам, непокорните и храбри новинарки и новинари продолжуваат да го осветлуваат патот низ мракот на дезинформациите, манипулациите и теророт. А токму во време кога вистината е под напад, човештвото чекори во нова и непредвидлива ера.

Живееме во време на големи пресврти и предизвици – историско доба во кое човештвото се наоѓа на прагот на нова ера, обележана со вртоглавиот развој на вештачката интелигенција. На хоризонтот се наѕираат контурите на нова технолошка реалност – или, би рекол, нов ентитет од планетарни и цивилизациски размери – што ќе ги промени сите аспекти на нашето живеење. Новинарството не е исклучок од овој процес.

Во контекст на медиумите и улогата на т.н. седма сила – новинарството – може со сигурност да се каже дека вештачката интелигенција покрена суштинска и револуционерна трансформација во начинот на кој се создаваат, обработуваат и дистрибуираат вестите, анализите и медиумските содржини воопшто. Вештачката интелигенција овозможува поголема продуктивност, повеќејазичност, побрза анализа на податоците и поддршка на истражувачкото новинарство преку автоматизирани алатки за проверка на факти и анализа на извори, како и низа други фантастични погодности.

Сепак, скепиците и критичарите предупредуваат дека технолошкиот напредок не е ниту неутрален, ниту е секогаш добронамерен. Тие укажуваат на ризиците од ерозија на етичките стандарди, губење на човечката перспектива и засилување на пристрасноста, лажните наративи и дезинформациите преку алгоритамски модели. Во македонски услови (и не само кај нас), не мора да дојде вештачката интелигенција за да се урнат етичките стандарди, тоа сами го направија медиумите.

Како и да е, зависно од тоа кој управува со вештачката интелигенција, остануваат отворени и прашањата за транспарентноста на системите. Веќе нашироко се говори за недостигот од одговорност кај технолошките компании, како и опасноста од создавање „инфосфери“ каде што вештачката интелигенција може да доминира над човечкото расудување и критичкото мислење.

Овие стравувања не се без основа. Покрај придобивките, вештачката интелигенција носи и сериозни ризици и етички дилеми. Таа овозможува нови форми на дезинформации, лажни видеа што изгледаат совршено или речиси совршено реални (deepfake), алгоритамска пристрасност во модерирањето, и закана по приватноста и безбедноста на новинарите. На пример, многумина веруваат дека Фејсбук е простор за слободно изразување. Тоа е заблуда! Фејсбук е бизнис, каде што можете, напротив, да ја изгубите можноста за слободно изразување.

Да не заборавиме, сериозно прашање е и надоместокот и авторските права – особено ако знаеме дека технолошките гиганти користат содржини без да платат за нив.

На овој значаен датум, важно е да се потсетиме дека во доба на војни, растечки авторитаризам и глобални дезинформациски кампањи, слободата на медиумите е поважна од кога и да е порано.

Запомнете: Во свет каде што вистината сè потешко се препознава, новинарството останува нашата прва линија на одбрана.

Во земјите каде што владеат олигарси, а правдата се купува на рати, новинарството е не само неблагодарна, туку и опасна професија. Во такви општества, медиумите се често трансформирани во гласила на моќта, а новинарите во потрошна стока – лесно заменливи, лесни мети на омраза, закани и убиства… лесно заборавени. Најголемите закани за вистината не доаѓаат од вештачката интелигенција, туку од злобата и алчноста на луѓето што ја злоупотребуваат. Затоа, не ни треба само регулација на технологијата – ни треба храброст, интегритет и солидарност меѓу оние што одбрале да бидат совеста на општеството. Без нив, дури и најпаметната машина ќе ѝ служи само за зобната цел: да ја заташка вистината.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Дералановинарствослобода на медиуми

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk