ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, до крајот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

May 5, 2025 19:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции.

Мицкоски денеска соопшти дека на средбата сака да слушне која опција ја избира Таравари – „патот на реформи и владеење на правото, борба за праведно општество и институции кои функционираат“ или ќе им се придружи на „оние политички сили кои со години ја криминализираат и уништуваат државата“.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Штип, Мицкоски рече дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да одлучат за една од двете опции.

Како што рече, „заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и познаваат и најчесто им се удираат од глава на оние кои што ги прават“. Мицкоски во вчерашната изјава, кога ја најави средбата со Таравари, рече дека сака јасно да слушне „ дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ“ за поддршка на изборите, порачувајќи дека за него тоа е неприфатливо.

Арбен Таравари, пак, во Тетово изјави дека  остануваат на одлуката донесена на Претседателството на партијата на Локалните избори во октомври да настапат со посебни советнички листи „и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде што излегуваат“, но дека ќе го слушне и ставот на премиерот по што ќе проценат како Алијанса ќе продолжи понатаму.

Средбата следува по превирањата и во коалицијата Вреди во која учествуваше АА на Таравари откако другите три партнерски партии не се согласија тој на изборите да настапи со посебни советнички листи. Тие го обвинија дека преговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети и дека самиот се исклучил од Вреди. Во меѓувреме, трите партии од Вреди (Алтернатива, Беса и Демократско движење) објавија дека коалицијата ќе дејствува како еден политички субјект.

Tags: МицкоскиТаравари
Next Post

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk