ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Препукувања на релација ВЛЕН – Таравари

May 7, 2025 13:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „ВЛЕН“ за претседател на РСМ

Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „ВЛЕН“ за претседател на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Непринципиелната политика на две столчиња, на нејасни позиции каде што не се знае кој е партнер, кој сојузник, а кој противник – заврши! Ова е пораката од „Влен“ упатена до лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари кој најави дека на претстојните локални избори ќе настапи со сопствени листи за советници.

Тројцата лидери на „Влен“ вчера имаа средба со премиерот Христијан Мицкоски, а претходно премиерот имаше средба и со лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.

Вчерашната средба, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираа дека разговорите продолжуваат.

Средбата со лидерите на „Влен“ следуваше еден ден по средбата на Мицкоски со претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, која заврши без епилог, со најава дека разговорите ќе продолжат и дека во текот на овој месец ќе биде познато какво ќе биде идното функционирање на АА.

И Таравари вчера реагираше на Фејсбук: „Реакција? Не вреди!“. Од „Влен“ вчера веднаш возвратија порачувајќи дека „нема да бидат потпора за криминал и дека двојните политики им припаѓаат на лицемерните“.

– ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да се врати во оваа влада, дури ни низ задна врата. Ниту преку нејзините врски, ниту преку оние кои се лошо фатени во мрежата на олигархијата на криминалот и корупцијата. Партнерството со ВЛЕН не е засолниште за оние кои ги прикриваат врските со криминалот со лажен патриотизам и со измислена виктимизација, порачаа од ВЛЕН.

По средбата со Мицкоски и реакцијата на Таравари, Меџити на својот профил на Фејсбук напиша: „Вечерва Влен одлучи – светлата да се изгаснат за лицемерието“.

– Те поканивме да станеш носител на промени. Стана симбол на Револуцијата на светлата. Иако си губитник во твојот град, делеше „Ефридол“ за ДУИ. Твојата еуфорија беше само за камерите. Ништо искрено. Нема вистинска светлина. Вечерва Влен одлучи – светлата да се изгаснат за лицемерието, напиша Меџити.

Tags: ВЛЕНТаравари
Next Post

Зголемени тошоците на живот и цените на мало во април

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk