ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите врвни советници многу јасно ставија до знаење дека сакаат да го уништат социјалниот, економскиот и политичкиот модел на Европа. Европејците не смеат да губат време во остварувањето на стратешка автономија во одбраната, технологијата и геополитиката.

May 8, 2025 15:37
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЖОЗЕП БОРЕЛ / Project Syndicate

Германската федерална канцеларија за заштита на уставот утврди дека „Алтернатива за Германија“ (АФД) заслужува класификација како десничарска, екстремистичка партија. Како одговор, државниот секретар на американскиот претседател Доналд Трамп, Марко Рубио, ја бранеше АФД и ја осуди одлуката како чин на „прикриена тиранија“.

Како и со говорот на американскиот потпретседател Џ.Д Венс на Минхенската безбедносна конференција во февруари и гласната поддршка на Илон Маск за европската крајна десница во бројни наврати, ваквите напади потврдуваат дека Соединетите Држави повеќе не се сојузник на Европа, туку нејзин противник. Не само што Трамп ја сигнализираше својата подготвеност да ја предаде Украина на Русија, тој отворено се обидува да го уништи социјалниот, еколошкиот, економскиот и демократскот модел на Европа.

Целта на Трамп е да изгради авторитарен, нелиберален светски поредок. Тој сака да ја уништи демократската држава на сопствената земја, да воспостави трансакциски сојузи со главните нелиберални режими во светот и да создаде неосвоива северноамериканска тврдина со воспоставување на американски суверенитет над Канада, Гренланд и Панамскиот канал. Тој дури одбива да ја исклучи употребата на сила за да биде само по негово. Тој не гледа проблем во тоа Украина да падне во орбитата на Русија, бидејќи поздравува враќање во свет во кој големите сили претседаваат со „сферите на интерес“. Секоја од овие цели претставува геополитички, економски и безбедносен предизвик за Европа.

Некои Европејци се држат до надежта дека ова распаѓање на трансатлантските односи ќе биде привремено и дека изборите на половина мандат во 2026 година или претседателските избори во 2028 година ќе ги постават работите како што треба. Но, за Европа да ја заснова својата стратегија на таква идеја би било многу ризично.

Секоја плашливост во одговорот на Европа на агресијата на Трамп само ќе го охрабри. Како и рускиот претседател Владимир Путин, Трамп верува само во борбата за моќ и дека „моќните се во право“.

Згора на тоа, капацитетот на Трамп долготрајно да ги наклони САД кон автократија– точно спротивното од европските вредности – е поголем отколку што многумина претходно мислеа. Всушност, сведоци сме на брза „путинизација“ на американската политика.

Антиевропскиот став на администрацијата на Трамп не се појави од никаде. Гледајќи кон Азија, САД одамна се обидуваат да се повлечат од Европа. Ова беше очигледно во одлуката на претседателот Барак Обама да не се спротивстави цврсто на руската инвазија на Крим во 2014 година, ниту да ја спроведе сопствената „црвена линија“ кога сирискиот претстедател Башар ал Асад употреби отровен гас врз своите граѓани.

Иако поддршката на САД за Украина за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден дејствуваше како сопирачка на овој тренд, не беше она што ситуацијата го бараше. И беше јасно дека повлекувањето од Европа ќе продолжи и по него. Долго пред реизборот на Трамп минатиот ноември, веќе имав заклучено дека Бајден веројатно ќе биде последниот вистински трансатлантски американски претседател. За многу Американци, НАТО сé повеќе изгледа како остаток од некоја мината ера.

Што може Европа да направи?

Прво, мора да одговориме силно на трговската војна на Трамп и да не подлегнеме на неговото изнудување во врска со нашата регулатива за големите технолошки компании. Ние навистина сме опасно зависни од САД за дигитална технологија. Тоа треба да се промени: ќе мора да го следиме истиот вид на намалување на ризикот што го правиме во однос на Кина. Но, Америка зависи и од Европа. Европската унија сé уште сочинува една петтина од глобалната потрошувачка и станува уште поважна за американските компании кои се соочуваат со намален пристап до кинескиот пазар.

Второ, Европа мора постојано да се стреми кон стратешки суверенитет во одбраната и високата технологија. Нема недостаток на извештаи кои детално објаснуваат што треба да се направи. Ваквите инвестиции ќе бараат значителни ресурси и оттука нови емисии на паневропски долг. (За разлика од фондот „Следна генерација ЕУ“, отплатата на долгот мора да биде обезбедена со нови ресурси ширум ЕУ.)

Трето, мора да им пристапиме на други земји со слични мислења кои биле подложени на агресијата на Трамп: Јапонија, Јужна Кореја, Канада и Австралија. Победите на Марк Карни и Ентони Албанезе во Канада и Австралија, соодветно, покажуваат дека Западот нема едноставно да се преврти на новиот нелиберализам. Треба да создадеме Г6 – Г7 без САД – и да изградиме целосно европска одбранбена архитектура која ќе ги вклучува земјите како Обединетото Кралство и Норвешка.

Четврто, треба да се обратиме на Глобалниот југ, и за да го олесниме притисокот од Трамп и Путин и за да го зачуваме мултилатерализмот. Но, за да се направи тоа ќе бидат потребни значителни промени. Ќе треба да се оддалечиме од миграциските политики на „Тврдина Европа“ и од попустливоста покажана кон крајно десничарската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Толерирањето на неподносливото во Газа нé лиши од поголемиот дел од нашиот морален авторитет.

Дали прогласувањето независност на Европа од Америка е реално? По осум децении како блиски сојузници, Европејците разбирливо се мачат да се навикнат на американски претседател кој се однесува како руски диктатор. Промените кои мора да ги направиме неизбежно ќе наидат на отпор во некои земји од ЕУ кои се политички усогласени со трампизмот.

Ова, исто така, е и предизвик за Европската комисија, која во последните години доследно, а донекаде невнимателно, има тенденција да се усогласува со САД за сé. За среќа, неодманешните изјави на Фридрих Мерц, новиот германски канцелар, сугерираат дека една од најтрадиционално атлантистички земји во Европа го разбира новиот предизвик со кој се соочуваме.

Европската народна партија и нејзините национални партии членки, исто така, конечно мора да престанат да им се умилкуваат на крајно десничарските популисти кои се целосно усогласени со Трамп и Путин. Европските партии од десниот центар треба да се вратат на своите традиционални сојузи со Социјалдемократите, Либералите и Зелените за заедно да се спротивстават на Трамп.

Постигнувањето независнот на Европа од САД нема да биде лесно. Но, ако не дејствуваме сега, и одлучно, иднината на нашиот социјален и демократски модел би можела да биде мрачна.

Жозеп Борел е поранешен висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, поранешен потпретседател на Европската комисија, поранешен претседател на Европскиот парламент и поранешен министер на Шпанија.

Превод: Н. Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: Standing Up to Trump’s America

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: европаЕУЖозеп БорелТрамп

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

May 8, 2025

Отворен 37. Саем на книгата: Во време на дигитални лавини книгата останува моќен отпор, таа мора да биде достапна

May 8, 2025

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандинавците исплашени од успехот на Мицковите градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рацин.мк: Европската Комисија не го запишува Богојески како правен застапник на Еразмус во Македонија: „Сѐ уште го оценуваме назначувањето”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk