ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Владата на Мицкоски го жртвува македонскиот јазик за политички поени

July 4, 2025 12:49
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, како што пишува  БГНЕС, ќе бидат избришани од извештајот на Европскиот парламент.

Тоа доаѓа по притисок на европратеници од редовите на Европската народна партија (ЕПП) – групација каде што припаѓа и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да спречи ваков развој, актуелната влада го овозможи. Наместо заштита – придонесе за пораз.

За време на претходната власт, македонскиот јазик беше признаен во договорот за ФРОНТЕКС без фусноти, додавки или ѕвездички. Но според Венко Филипче, тоа што некогаш беше победа, денес е пораз што директно се должи на новата владејачка гарнитура:

– Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси, Мицкоски одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање кое беше затворено, изјави Филипче.

Тој го обвини Мицкоски дека намерно соработува со антимакедонски структури во Брисел.

„Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“, вели Филипче.

Фактите покажуваат континуитет во европската и меѓународна афирмација на македонскиот јазик во последните седум години. Но сега, сето тоа се доведува во прашање.

Марјан Забрчанец преку објава на Фејсбук ги потсети граѓаните на низата настани што го потврдуваат статусот на македонскиот јазик:

„Македонскиот јазик беше потврден во Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017, Договорот од Преспа во 2018, беше верификуван од Обединетите нации, се најде во рамката за преговори со ЕУ во 2022 и во договорот за ФРОНТЕКС… А сега, поради неодговорна власт, сето тоа се избриша со еден амандман во Брисел.“

– Дали иницијативите на Мицкоски за ‘меѓународна верификација’ се обична фарса однапред осудена на неуспех?, праша Забрчанец на социјалните мрежи.

Наместо самокритика или дипломатска мобилизација, премиерот Мицкоски избра тактика на жртва и напад, опишувајќи го бришењето на термините како „талибански начин“ на постапување:

„Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот во Европа е подеднакво лошо како и да стоеше ‘модерен’. Тоа ќе остане во колективната меморија како срам.“

Но оваа изјава не ја покрива суштинската одговорност – токму неговата партија, преку ЕПП, беше дел од амандманите за контроверзните измени. Наместо да го заштити стекнатиот дипломатски капитал, Мицкоски го жртвува за дневнополитички цели.

Историската одговорност за овој момент е јасна. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја консолидира позицијата на државата во ЕУ, ја ослабна. Наместо да обезбеди заеднички настап за клучни национални прашања, предизвика поделби и отвори внатрешни фронтови. И додека Македонија станува предмет на амандмани, дипломатски инженеринг и политички пазар, премиерот зборува за „талибани“, наместо да понесе одговорност.

Македонскиот јазик не беше нападнат од странство – туку беше пуштен низ раце од дома. А на 7 јули, кога ќе се гласа извештајот, Европа можеби ќе заборави некои формулации. Но Македонија нема да може да ја заборави неспособноста на својата влада.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаЕПЗабрчанецмакедонски јазикМицкоскиФилипче
Next Post

Љутков: Наследивме култура со долгови, без стратегија и девастирани институции, денес зборуваме за целосно ресетирање и рестартирање

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk