ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Што ја попречува европската интеграција на Србија – политичката криза или владата?

July 22, 2025 13:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Србија требаше да отвори нов кластер преговори со Европската Унија во јули, тоа не се случи. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, оцени дека патот на Србија кон ЕУ во моментов е „заплеткан“, што дополнително ги потврдува доцнењата и недостатокот на конкретен напредок во процесот на европска интеграција, пишува во анализа на српскиот дневен весник  Данас.

Во последните неколку години, напредокот на Србија на овој пат практично запре. Декларативната посветеност на членството во ЕУ сè уште постои во изјавите на функционерите, особено за време на состаноците со европските партнери, но овие пораки ретко се придружени со суштински реформи. Промените во законите што се спроведуваат честопати остануваат површни и немаат вистинско влијание врз состојбата на општеството.

Барањата што ЕУ ги поставува пред Србија се јасни и познати на долг рок: судска реформа што ќе обезбеди владеење на правото, промени во законите за медиуми со цел подобрување на слободата на медиумите, почитување на човековите и малцинските права, нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, како и усогласување на надворешната политика со политиката на ЕУ, пипува Данас.

Политичката криза, што се случи по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година и настаните што следеа, дополнително ја дестабилизираат ситуацијата во земјата. Сепак, важно е да се напомене дека барањата на граѓаните во голема мера се совпаѓаат со барањата поставени од ЕУ.

Ова претходно го истакна комесарката Марта Кос, нагласувајќи дека барањата што ги постави ЕУ во процесот на пристапување не се ништо повеќе од барања што постојано ги повторуваат студентите и граѓаните од почетокот на демонстрациите. Иако не е можно со сигурност да се каже колку реална поддршка имаат граѓаните за членство во ЕУ, формално, европската интеграција сè уште останува „главна цел на надворешната политика на Србија“.

Од Данас постауваат прашање –  што всушност ја спречува Србија на европскиот пат – сегашната политичка криза или недостатокот на вистинска политичка волја од страна на властите да ги спроведат потребните реформи?

Мислења и решенија

Наим Лео Бешири, директор на Институтот за европски прашања, смета дека Србија денес не е само „заплеткана“, како што тактично ја опиша комесарката Марта Кос, туку дека е системски заробена помеѓу авторитарниот начин на управување и продлабочувањето на социјалната криза што ја произведува таквиот начин на управување.

Според Бешири, европската интеграција е заглавена со години затоа што, според него, владата избира политика на формални преговори и во суштина саботирање на реформите.

– Владата предводена од Вучиќ истовремено покажува целосно незнаење и неспособност да ги примени сопствените, а камоли европските закони, а комбинирајќи го тоа со криминал, ни покажува дека нема намера да ја направи Србија земја на владеење на правото – вели Бешири за Данас.

Понатаму, Бешири порачува отсуството на отворањето на кластерот овој јули не треба да изненади никого што ги следи процесите, бидејќи, како што наведува, Европската Унија постојано ѝ кажуваше јасно на Србија кои се клучните точки на напредок, истакнувајќи го владеењето на правото, слободата на медиумите, заштитата на човековите и малцинските права и нормализацијата на односите со Косово.

Србија не може да оди по европскиот пат, а во исто време да одржува митови од минатото. Од опозицијата и младите луѓе што демонстрираат денес се очекува да бидат носители на таа промена, да артикулираат јасна визија за европска Србија и да покажат дека разбираат дека европскиот пат не е прашање на географија, туку на вредности. Недостасува визија, а времето за тоа е сега – заклучува тој.

Немања Тодоровиќ Штиплија, директор на Центарот за современи политики и уредник на порталот „Европски Западен Балкан“ (European Western Balkans), смета дека стагнацијата во европските интеграции на Србија не е изненадување, туку кулминација на долгогодишно избегнување на суштински реформи, особено во областа на владеењето на правото.

– Она што се промени не е пристапот на Белград, туку пристапот на Брисел. Новата Комисија и комесарката Марта Кос јасно ставаат до знаење дека повеќе нема простор за трикови. Се бараат опипливи резултати. Мерени според она што се случува во институциите, медиумите, на улиците – објаснува Штиплија.

Тој додава дека денес она што е вклучено во првата фаза од Агендата за реформи се користи како минимум за проценка на напредокот, како што се РЕМ, избирачкиот список и состојбата во медиумите, иако, според него, тоа е исто така под секој стандард. Сепак, тој истакнува дека дури и таквото ниво на исполнување повеќе не е доволно за отворање на кластер 3.

– Што се однесува до прашањето кој повеќе го попречува европскиот пат, кризата или владата, мислам дека одговорот е доста едноставен: кризите доаѓаат и си одат, но изборите помеѓу авторитарната контрола и европскиот пат беа свесни и конзистентни. Уште од почетокот на преговорите е познато дека клучот лежи во поглавјата 23 и 24 и нормализацијата на односите со Приштина – рече тој.

Тодоровиќ Штиплија, исто така, оценува дека со текот на времето самата влада додавала повеќе пречки на европскиот пат, заради зачувување на внатрешната контрола и политичкиот опстанок – од недемократски избори, преку надворешнополитичко неврзување, до случајот Бањска и бруталната репресија врз граѓаните и студентите.

Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: европска интеграцијаСрбија
Next Post

Јаневска: Повторно е вратен предметот Историја што претходната влада го укина

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk