ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најлоша економска политика во историјата – Владата ја турка државата во сиромаштија!

СДСМ и синдикатите предупредуваат: стандардот тоне, платите остануваат далеку зад регионот, а власта трошат на луксуз наместо на граѓаните

August 28, 2025 12:06
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се наоѓа во најголема економска несигурност. Инфлацијата изнесува 4,8%, основните трошоци на едно семејство се зголемени за 4.300 денари, а цените во земјата достигнаа 60% од европскиот просек. Платите, пак, остануваат само на 35% од европското ниво.

– Со оваа власт, граѓаните осиромашуваат секој ден повеќе, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој ја обвини владата дека наместо во мерки за помош на граѓаните, буџетските пари завршуваат во лични интереси и луксузирање.

Филипче оцени дека десетици милиони евра се украдени од граѓаните преку непреземање мерки за контрола на цените, непокачување на платите и продлабочување на социјалната нееднаквост.

– СДСМ имаше и сè уште има подобри економски политики, насочени кон граѓаните и со јасна цел – економија што им служи на луѓето, нагласи тој.

Меѓу клучните мерки кои опозицијата ги бара се: зголемување на минималната плата на 500 евра, укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи, континуиран раст на платите во сите сектори.

Од друга страна, синдикатите алармираат: Работниците го плаќаат цехот.

Слични пораки стигнуваат и од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, предупреди дека нема никакво оправдување за незголемување на минималната плата, која не обезбедува ни основна егзистенција за четиричлено семејство.

– Од почетокот на годината одржавме 14 протести и два штрајка за повисоки плати. Ако пратениците навистина мислат на работниците, уште денеска можат да изгласаат измени за минималната плата, изјави Трендафилов.

Тој нагласи дека во Србија минималната плата од октомври ќе биде 500 евра, во Црна Гора 600 до 800 евра, а во Босна и Херцеговина 511 евра. „Зошто Македонија да остане најсиромашна?“, праша синдикалниот лидер.

Гневот на улица – последното оружје

Трендафилов потсети дека последното зголемување на минималната плата во 2022 година било изборено на улица и порача: „Не не буткајте повторно на улица, седнете на маса да се договориме“.

Според него, ако продолжи игнорирањето од страна на власта и работодавачите, нови протести се извесни.

– Не може 7.000 луѓе на протест да изборат плата за 167 илјади работници. Потребна е масовна поддршка, истакна тој.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕживотен стандардСДСМ
Next Post
Фото: Фејсбук профил на Х. Мицкоски

Според Мицкоски растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем во однос на периодот на СДСМ

НАЈНОВО

Променливо облачно, температурата до 19 степени

October 19, 2025

Претставата „Малата Фрида“ победник на 4. ИФДТ „Игор Маџиров“ 2025

October 19, 2025

Гласањето започна, граѓаните по осми пат избираат локална власт

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk