ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

October 17, 2025 18:50
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Јане Ѓорѓиоски.

Јане Ѓорѓиоски.

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Може ли некој нормален да ми објасни на што се должи оваа самобендисаност и апсолутна сигурност во победа кај кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ? Па нели тоа се луѓето што веќе се градоначалници во 90% од општините, и токму тие ја имаат најголемата одговорност за состојбата во која е потонато Скопје и Македонија.

Од каде толку ароганција во реториката и уверување во „сигурна победа“, кога резултатите им се најдобрата реклама за тоа колку не заслужуваат не втор мандат, туку ни втор круг на овие локални избори.

Скопје на пример од изборот на Данела – најдобрата менаџерка во Европа и светот, како што ја претставуваше тогаш Мицкоски, е претворен во депонија под отворено небо. За друга функционалност на градот, јавен превоз, култура, ич да не правиме муабет.

Најголемата иронија е тоа што овие луѓе во кампањите настапуваат како „нови лица“, како спасители што треба да го донесат „вистинскиот ред и чистота“.

Орце бе се прави како да не е актуелен градоначалник на Кисела Вода и како да не шуруваше со Данела се дури не се раскараа со Мицко ради тендерите.

Мисли недоветни сме, забораваме дека тој и тие од кај него веќе имаа мандат да ги решаваат проблемите? Не една година, туку цел мандат од четири години се локална власт орцевци и мицковци безмалку во цела Македонија. Власта ја имаат и во советот на Град Скопје, нели каде што се носат сите одлуки.

Дали оваа самоувереност е случајна?

Дали таа се темели на убеденоста дека јавноста има кратка меморија, дека критиките брзо се забораваат, и дека изборите повеќе се сведуваат на пропаганда и манипулација, отколку на реална проценка на резултати. Со арогантен тон и потценувачки однос, кандидатите всушност испраќаат порака: „Ние ќе победиме, без разлика на тоа што направивме (или не направивме)“.

И магаре да предложиме ќе победи! Ете до толку се самобендисани, односно продаваат самоувереност.

Но тоа е само привид.

Создавање на лажна слика за да се продаде во јавноста.

Најдобар пример е тоа што на билбордите покрај кандидатот за градоначалник секогаш стои и Мицкоски.

Што прикажува тоа?

Тоа е многу јасна порака за немоќ. Немање на идентитет и неспособност тие сами да си се изборат за општините, па затоа до нив мора да е нивниот ментор што ќе ги води за раче, филува и обликува по негов ќеф.

Нема што тие многу да размислуваат и да се мачат кога Мицкоски е тука да мисли за сите нив.

И не се појавуваат на телевизиски дебати.

Од што се плашат?

Се плашат толку да нè не имресионираат што да почнеме да ги возвишуваме како светци?

Или се плашат од сопствената интелектуална инфериорност да се соочат лице в лице со кандидатите?

Или, најверојатно зашто така им наредил возвишениот.

Мицкоски – возвишениот!

Затоа прашањето не е само зошто тие се толку несигурни во победа, а презентираат сигурност. Прашањето е: дали ние како граѓани ќе им дозволиме повторно да нè убедат во шашмата дека „вистинската промена“ ќе дојде токму од тие што ја донесоа сегашната брука?

Дали навистина веруваме дека решението за проблемите е во рацете на оние што ги создадоа?

Ароганцијата на кандидатите што се кријат зад лидерот не е ништо друго освен тест за нашата колективна меморија и толеранција.

Ако повторно се помириме со истите луѓе и истите празни ветувања – тогаш вината веќе не е само нивна.


Текстот е личен став на Авторот

Tags: избориЈане ЃорѓиоскиМицкоскиОрце
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk