ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

October 24, 2025 11:12
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот се претставува како победник, но неговите пораки звучат како предупредување и уцена кон коалиционите партнери Албанци. Политичкиот аналитичар Сефер Селими предупредува на опасна реторика што може да отвори нови тензии.

По повод Денот на револуционерната борба, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати порака што предизвика бурни реакции во јавноста.

Наместо државнички тон, говорот беше исполнет со предупредувања, политички пораки и, според дел од аналитичарите, отворени закани кон албанските коалициски партнери.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2025/10/mickoski.mp4

– Некои градоначалници станаа градоначалници со волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволат да ја изневерат, порача Мицкоски, јасно сугерирајќи дека легитимитетот на дел од албанските градоначалници зависи од волјата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа изјава, дадена во свечен контекст, се чита како порака за политичка дисциплина – дека поддршката има цена и дека секој чекор може да биде казнет.

Премиерот дури додаде:

– Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката нека го видат и нека научат од примерот и падот на ДУИ и ќе разберат на што мислам. И тоа е добра лекција и за некои други политичари на македонската политичка сцена кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партнери треба да сме подготвени да се обединиме и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики. Ако е тоа така, тогаш апсолутно не ја гледам разликата помеѓу нив и Али од Зајас, кого сакаат да го заменат, истакна Мицкоски.

Со ваквиот тон, Мицкоски, според политичките аналитичари, се поставува како авторитарен водач кој не трпи отпор, наместо како премиер на сите граѓани.

Критичарите предупредуваат дека се создава пирамидален однос на надреденост и подреденост, каде што албанските партнери во коалицијата стануваат вазали, а не рамноправни политички чинители.

Сефер Селими: „Две јавни закани во еден говор“

Политичкиот аналитичар Сефер Селими го оцени говорот како опасен сигнал за демократијата и за меѓуетничките односи.

Во својата реакција, Селими напиша: „Две јавни закани од премиерот Мицкоски до албанските партнери: – Ако не се однесувате добро, ќе одиме на предвремени избори. – Не допирајте национални/етнички теми. Зборувајте за канализација и други глупости, јас се занимавам со национални прашања. Сè уште не сте виделе ништо…“

Со оваа констатација, аналитичарот сугерира дека Мицкоски ја користи изборната победа за да ја наметне својата волја, што може да доведе до потиснување на албанскиот политички субјект.

Арбен Зеќири: „Победата со закани и предлози“

Портпаролот на Алијанса за Албанците (Зијадин Села), Арбен Зеќири, го коментираше односот на премиерот со зборовите:

„Потврдата за ‘победата’ со гласовите на Вмро дојде заедно со фактурата и заканата“

Неговиот коментар го отсликува растечкиот скептицизам кај албанските партии во однос на партнерството во оваа влада, кое сè повеќе се перцепира како покорност наместо рамноправност.

Дел од политичките коментатори иронично ја нарекуваат новата политичка сцена „Севернистан“ – држава во која Албанците мора да внимаваат што зборуваат и како се однесуваат пред деспотот на Скопје.
Таквата перцепција е опасна и може да предизвика нови поделби и недоверба меѓу заедниците.

„Политиката на уцени и предупредувања не може да создаде стабилност,“ оценуваат аналитичарите.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕВредиХристијан Мицкоски
Next Post
Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk