ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

„Инфлацијата јаде, владата молчи“ – опозицијата удри со бројки, власта со избори

Инфлацијата која во октомври достигна 4,5% повторно ја подели власта и опозицијата околу тоа колку е стабилна економијата и колку граѓаните реално можат да го издржат секојдневниот трошок за живот.

November 10, 2025 11:34
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Од опозициската СДСМ реагираат дека растот на цените ја „јаде куповната моќ“ на граѓаните и дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо конкретно.

– Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

„Храната и безалкохолните пијалаци поскапеа за 7%, а платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот.“

СДСМ обвинува дека во Буџетот за 2026 година не се предвидени мерки за намалување на цените ниту покачување на минималната плата на 500 евра, како што партијата предлагала.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека токму нивното владеење донело стабилност и умерена инфлација.

– Во времето на СДСМ државата имаше двоцифрена инфлација и економска нестабилност. Денес имаме стабилен курс, ниска инфлација и зголемени инвестиции, стои во реакцијата на владејачката партија.

„Доколку граѓаните беа незадоволни, немаше да дадат толкава поддршка на локалните избори“, додаваат од таму.

Од друга страна, најновиот Извештај на Европската комисија за 2025 година потврдува дека инфлацијата е стабилизирана, но предупредува на длабоки структурни проблеми во економијата.

Според извештајот: Инфлацијата во 2024 година изнесувала 3,5%, по пад од 9,4% во 2023 и 14,1% во 2022 година; Реалниот раст на платите до јуни 2025 е 3,8%, додека номиналниот изнесува 12,9%; Јавниот долг достигнал 53,8% од БДП, а дефицитот 4,4%, над планираното ниво; БДП пораснал за 2,8%, поттикнат од јавни инвестиции, но не и од продуктивност.

Брисел оценува дека „растот на платите е побрз од растот на продуктивноста“, што ја одржува инфлацијата над целта. Дополнително, зголемувањето на јавните плати и пензии без соодветно покритие во буџетот создава нови фискални ризици.

Иако официјалните бројки покажуваат забавување на инфлацијата, реалниот животен стандард останува низок. Половина од домаќинствата живеат со месечни приходи под 600 евра, а цените на храната и услугите остануваат најголем товар за буџетот на граѓаните.

Европската комисија забележува дека социјалните трансфери не се усогласени со трошоците за живот, а мерките за сузбивање на неформалната економија не се спроведуваат ефективно.

Економистите предупредуваат дека инфлацијата е само симптом на подлабоки структурни проблеми – слаба индустриска база, ниска продуктивност и зависност од увоз. Според извештајот на ЕК, реформите во јавната администрација и фискалната дисциплина каснат, а реалниот економски раст не е доволен за одржливо подобрување на животниот стандард.

Инфлацијата во Северна Македонија е под контрола на хартија, но не и во кошничката на граѓаните. Политичките препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се само одраз на поширока дилема: дали бројките ја прикажуваат реалноста – или само нејзината статистичка сенка.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕживотен стандардинфлацијаплатиСДСМ
Next Post
Фотомонтажа: Фронтлајн

Тедрос апелира до Трамп: Повлекувањето на САД од СЗО ќе има цена – човечки животи

EVN

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Џим Кертис откри како започнала врската со Џенифер Анистон

January 27, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

January 27, 2026

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk