ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Организираниот криминал ја задушува државата: мафијашки мрежи, дрога, корупција и слаб систем

November 19, 2025 08:38
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, КРИМИНАЛ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија во Глобалниот индекс за 2025 година бележи раст на мафијашки структури, финансиски измами, трговија со луѓе и инфилтрација на државни актери во криминални операции. Институциите остануваат слаби, а корупцијата системска.

„Од мафијашки мрежи за трговија со дрога, перење пари, финансиски криминал и инвестициски измами до институционална слабост и висока корупција“, стои во новиот извештај Global Organized Crime Index 2025 – North Macedonia. 

КРИМИНАЛОТ ВО ПОРАСТ, ИНСТИТУЦИИТЕ НА ПАД

Северна Македонија годинава се најде на 102 место од 193 држави по степен на организиран криминал, со вкупен резултат 5.00, што претставува благо влошување во однос на 2023 година.

Извештајот јасно нотира дека: криминалните актери имаат сила од 5.20, криминалните пазари 4.80, државата бележи „осетна институционална ранливост и недоволна отпорност“ (резилиентност: 5.29).

Посебно загрижува податокот дека државно-вгнездените актери, функционери и службеници, се директно вклучени во корупција, шверц, рекет и финансиски криминал.

„Корупцијата во институциите останува главен двигател и заштитник на организираниот криминал… високите функционери се поврзуваат со заштита на криминални мрежи и попречување на постапките“ – се наведува во документот.

Деца и жени најранливи

Северна Македонија е истовремено извор, транзит и дестинација за трговија со луѓе. Според извештајот:

„Деца претставуваат диспропорционално голем број жртви, со раст на онлајн сексуална експлоатација“

Жртвите најчесто доаѓаат од Балканот, Источна Европа и Турција.

Криумчарење мигранти — транзитниот пекол

Криумчарењето мигранти е силно организирано, со Северна Македонија како „критична точка на Западнобалканската рута“.

Во извештајот :

„Грчко-македонската граница останува централна за криминалните мрежи, со документирани случаи на полициска вмешаност“ – се нотира во извештајот.

И покрај засилената поддршка од FRONTEX, мрежите продолжуваат да работат преку Гевгелија, Лојане и Кумановско.

РЕКЕТ, ИЗНУДА И ОРУЖЈЕ – КРИМИНАЛНА МАТРИЦА СО ПОЛИТИЧКИ ВРСКИ

Според документот, рекетот и изнудите растат, со јасни врски со политички структури и случаи на насилство поврзани со криминални групи.

Пазарот на нелегално оружје, особено конвертирани огнени оружја, е во пораст. Тоа директно го зголемува ризикот од вооружени инциденти и пресметки.

Хероин и кокаин

Северна Македонија е транзитна точка за хероин од Авганистан кон Европа.

Пазарот со кокаин, пак, е „консолидиран“, а криминалните групи имаат: врски со Јужна Америка, партнерства во Западна Европа, мрежи во Скопје, Тетово, Куманово и Велес

Извештајот регистрира:

„Насилни инциденти меѓу ривалски групи, особено во Скопје, поврзани со кокаинските канали“.

Канабис — колизија на легално и нелегално

И покрај легалната индустрија за медицински канабис, некои лиценцирани компании незаконски пласираат дел од производството.

„Лиценцирани субјекти се вклучени во нелегална дистрибуција, а корупцијата ги ослабува регулаторите“

Global Organized Crime Index 2025 – North Macedonia

Синтетички дроги — нов тренд

Откриени се и локални лаборатории, што укажува дека државата повеќе не е само транзит, туку и почетна точка на производство.

ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ — НАЈСИЛНИОТ МАГНЕТ ЗА ПАРИ

Извештајот идентификува повеќеслојни финансиски криминали: ДДВ-механизми и фиктивни фактури; Перење пари преку градежништво и угостителство; Финансиски проневери; Непријавени готовински трансакции; Корупција во јавни набавки

Според документот, приватни фирми поврзани со политички елити остваруваат корист од државни договори, со зголемени ризици од злоупотреба на јавни средства“ 

Мафии и мрежи

Групите се хиерархиски, со силно регионално присуство и пристап до: оружје; дрога; шверц канали; локална политичка заштита. Еден од најкритичните елементи.

„Вработени во институциите, царина и полиција биле дел од корупциски и шверц-механизми што создаваат милионски штети“ – нотира извештајот.

Правосудство

Се бележат: политичко влијание; одолговлекување; ретки пресуди; недостиг на експертиза

Полиција

И покрај создавање специјализирани единици, остануваат: ограничени ресурси; недостиг на обука; корупција.

Граници

И покрај технолошките подобрувања:

„Корупцијата меѓу граничните службеници продолжува да овозможува непречено движење на дрога и мигранти“

Жртви и сведоци

Системот е неразвиен, без силна државна поддршка.

Граѓански организации

Ограничени со финансии и маргинализирани во креирање политики.

Медиуми

Извештајот регистрира „опадната слобода, раст на SLAPP-тужби, политички притисок и регулаторни промени кои ризикуваат да го засилат влијанието врз приватните медиуми“

Северна Македонија е во фаза во која: мафијашките мрежи се добро вмрежени; државната корупција ја одржува криминалната инфраструктура; пазарите на дрога и мигранти бележат раст; финансискиот криминал е масовен; институциите се слаби и неефикасни.

Дестан Јонузи

Tags: Глобален индекс на организиран криминал за 2025 годинадрогакорупцијамафијашки мрежи
Next Post
Скриншот

Мадуро: Американска интервенција врз Венецуела би била политички крај за Трамп

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk