Последната сезона на Stranger Things пристигнува со спектакуларен распоред, кино-премиера и осум епизоди што ќе ја заокружат најголемата телевизиска приказна на деценијата. Финалната борба со Векна се приближува, а Нетфликс ќе ја затвори сагата на начин што досега не го направил со ниту една своја серија.
Кога излегува „Stranger Things“ сезона 5?
Петтата, воедно и последна сезона е поделена во три дела, преку празничен распоред:
26/27 ноември 2025 – првите четири епизоди
25 декември 2025 – следните три епизоди
31 декември/1 јануари 2025 – финалето, воедно и кино-премиерата
Колку епизоди има последната сезона?
Сезона 5 содржи осум епизоди, што ја усогласува со останатите сезони од серијата. Мат и Рос Дафер за Variety потврдија дека оваа сезона ќе ги затвори сите главни линии – Демогоргоните, Mind Flayer, Векна, Хокинс и развојот на сите протагонисти од последните десет години.
Официјална листа на наслови – „Stranger Things 5“
26/27 ноември 2025
The Crawl
The Vanishing of …
The Turnbow Trap
Sorcerer
25 декември 2025
Shock Jock
Escape From Camazotz
The Bridge
31 декември 2025
The Rightside Up – финале прикажано и во кино
Финалето – премиера во кино во САД и Канада
Нетфликс потврди дека последната епизода, The Rightside Up, ќе се прикажува во повеќе од 350 кино-сали во САД и Канада.
Проекциите стартуваат во 20:00 часот на 31 декември, паралелно со објавувањето на платформата. Приказот ќе продолжи до 1 јануари.
Браќата Дафер ја нарекоа кино-премиерата „сон што го имале од стартот на серијата“, додавајќи дека големото платно и реакциите на публиката се „совршен начин да се затвори авантурaта“.
Мат Дафер за Hollywood Reporter откри дека последната сцена ја знаеле „многу одамна“, што им служело како стабилен правец додека приказната се развивала.
„Сакавме секоја сезона да има сопствен идентитет – но оваа, навистина ја замисливме како наш најголем замав,“ додава тој.
Рос Дафер пак вели дека најтешко ќе биде сознанието што по 1 јануари нема да има „враќање кај ликовите“ – нешто што бил нивен творечки ритам долги години.
Кулминација по речиси една деценија
Од 2016 до 2025, Stranger Things порасна од неочекуван хит до глобален феномен. Последната сезона доаѓа со најсилен поп-културен набој досега и ќе ја испрати приказната за Хокинс на голем, емотивен и визуелно епски начин.
Редакција Фронтлајн





