Христијан Мицкоски преку Африм Гаши го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, што е барање на семејствата на загинатите и повредените, се посочува во соопштението од СДСМ.
Оттаму велат дека „очигледно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината за Кочани па затоа се измислуваат некакви деловнички изговори“.
„Поднесената иницијатива на пратениците на СДСМ е цлеосно согласно Деловникот кој дава можности да се утврди бројот на членови и делокугрот за работа, на самата седница на којашто ќе се одлучува по одлуката за формирање на Анкетната комисија да се утврдат членовите и составот на анкетната комисија.
Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ но треба да знае дека нема бегање од вистината и од правдата.
СДСМ ќе ги искористи сите законски и Деловнички механизми и повторно ќе поднесеме нова иницијатива. Нема да дозволиме да успее обидот на власта по секоја цена да ја спречи формирањето ниту пак работата на Анектната комисија за Кочани.
Граѓаните, семејствата, јавноста треба да ја дознааат и ќе ја дознаат целата вистина за Кочани, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот, кои биле институционалните пропусти, какви се прекршувањата на законските одредби, како и тоа кој треба да понесе политичката одговорност“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Претходно Гаши изјави дека „Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна комисија за Кочани вратен на доуредување“.
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше дека на редовната средба со координаторите на пратеничките групи е констатирано дека Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани поднесена од Левица и СДСМ не е уредна поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател.
Гаши на брифингот со новинарите објасни дека опозициските партии бараат мнозинство што не е во согласност со Деловникот, повикувајќи се на членот 124 од него и поради тоа иницијативата за основање анкетна комисија е вратена на доработка.
СДСМ и Левица бараат покрај претседател, СДСМ и ДУИ да имаат по четворица пратеници, ВМРО-ДПМНЕ тројца, Вреди двајца, а ЗНАМ еден.
Поврзано:
Гаши: Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна комисија за Кочани вратен на доуредување







