ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

December 17, 2025 19:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ остро реагира по денешното гласање во Собранието, обвинувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека, како што наведуваат, изгласале „предавство на Македонија“ со резолуција донесена од парламентарното мнозинство.

„ДПМНЕ и ЗНАМ денеска го изгласаа предавството на Македонија. Ја изгласаа предавничката резолуција што самите си ја донесоа во Собранието“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од партијата посочуваат дека 17 декември 2025 година ќе остане запаметен како ден со тешка политичка тежина.

„Денешниот 17 декември 2025 година ќе остане запаметен како денот кога ДПМНЕ и ЗНАМ го заверија предавството на Македонија“, порачуваат од СДСМ.

Во соопштението се критикува и отсуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од гласањето.

„Без Христијан Мицкоски, кој ги остави сами пратениците. Побегна дури до Брисел и остави други да го изгласаат неговото предавство на Македонија“, наведуваат од СДСМ.

Партијата отвора и серија прашања поврзани со, како што тврдат, финансиските мотиви зад одлуката.

„Дали сите пратеници на ДПМНЕ-ЗНАМ добија по 1,2 милиони евра, дали добија по 5,3 милиони евра, дали добија по 9 милиони евра за оваа срамна одлука – за ова предавство?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи: „Колку пари земавте за предавството на Македонија? Дали на сите ви поделија тендери? Колкав е вашиот дел од шест милијарди евра кредит?“

СДСМ порачува дека нема да остане пасивна.

„СДСМ нема да биде нем посматрач на ова национално предавство. Заедно со граѓаните ќе ги искористиме сите демократски механизми за да се спротивставиме на ова национално и државно предавство“, се вели во соопштението.

Во завршницата, партијата упатува јавен повик за поширок опозициски и граѓански фронт.

„Ги повикуваме сите опозициски партии, здруженија и невладини организации да ни се приклучат во фронтот против криминалната власт. Ги повикуваме и искрените и чесни членови на ДПМНЕ кои ја сакаат Македонија и знаат дека ова што го прави нивното раководство е за пари – да ни се приклучат“, порачуваат од СДСМ.

Соопштението завршува со пораката дека, како што велат од партијата, „борбата започна“ и дека „за предавство ќе има одговорност“.

 

Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека Владата никогаш не побарала, не договорила и нема да дозволи изградба на мигрантски кампови или трајно сместување мигранти на територијата на општините во државата. Со оваа Резолуција, како што посочи, се става крај на сите шпекулации и намерно пласирани невистини кои ги слушаме.

Мицевски нагласи дека Резолуцијата има и јасна превентивна улога – таа испраќа порака дека прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавниот мир не смеат да бидат предмет на лаги и политички конструкции.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЗНАМмигрантирезолуцијаСДСМСобрание
Next Post

Декларацијата од Брисел: ЕУ децидна - добрососедските односи и меѓународните договори се услов за напредок на Македонија

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk